Психолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваат

Некои луѓе се родени додворувачи, кои едноставно не можат да престанат да го прават тоа. Доколку чекаат на ред за кафе, тие веднаш почнуваат да флертуваат со личноста покрај нив или со вработените. За нив ова однесување настанува природно и е еден начин на кој се справуваат со светот. Но, кога станува збор за личност која им се допаѓа и кога не сакаат ништо за возврат, тие знаат да бидат навистина големи шармери.

Психолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваат

Во 2004 година, професорот Дејвид Драјден Хенингсен направил преглед на литературата за флертување и идентификувал 6 различни видови мотивација за флертување:

Секс: флертување со цел сексуален однос

Забава: флертување како хоби

Истражување: флертување како дел од љубовната врска

Поврзаност: флертување како начин на зголемување интимност

Самодоверба: флертување за зголемување на самопочитта

Инструмент: флертување со цел да се добие нешто од друга личност

Постои огромна разлика помеѓу шармантноста и флертувањето. Доколку вие сте шармантни, ќе ги правите сите луѓе околу вас да се чувствуваат значајно. Но, доколку сте флертувачи, вие ја користите сексуалната привлечност за да манипулирате со друга личност, понекогаш на безопасен начин, но понекогаш и со цел да го добиете она кое вие го сакате. И шармантните личности и оние кои флертуваат, одржуваат контакт со очите и имаат топлина во нивниот глас, но флертувачите се оние кои скоро секогаш имаат (скриена) агенда, нешто што би им било од корист.

Флертувањето многу често може да доведе до емоционална повреда, особено ако зборовите и делата на флертувачот се сфатат сериозно, а неговата/нејзината цел е да се забавува. На пример, доколку некоја личност флертува само со цел да открие дали ќе добие каква било реакција од соговорникот, а тој/таа помисли дека искажаните емоции се реални, не е потребно долго време за да дојде до големо недоразбирање.

Од друга страна пак, оние кои постојано флертуваат се и личности кои уживаат во играта на освојување, па кога ќе ја остварат целта им станува здодевно и веднаш преминуваат на следната „жртва“. И покрај тоа што флертувањето може да биде забавно и безопасно, може да биде и манипулативно и злонамерно, па токму затоа секогаш внимавајте пред целосно да се впуштите во игра со овие момци или девојки кои се многу вешти на зборови.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар