Психолошки тест: Одберете една од овие две фотографии и откријте нешто повеќе за вашиот карактер

Психолошки тест: Одберете една од овие две фотографии и откријте нешто повеќе за вашиот карактер

Според едно ново истражување кое го спровеле психолозите од Универзитетот Вирџинија, интровертите (молчеливите) и екстровертите (брбливците) преферираат различни места за одмор, а најчесто дури и бараат сосема различни места за живеење. Психолозите долго време знаат дека екстровертите уживаат во возбудливи ситуации и одбираат бучни околини, додека пак, интровертите трагаат по помирни и потивки амбиенти. Па, во која категорија спаѓате вие? За да откриете одберете една од овие две фотографии…

Психолошки тест: Одберете една од овие две фотографии и откријте нешто повеќе за вашиот карактер

Ако сте ја одбрале фотографијата со плажата, вие спаѓате во мнозинството. Бидејќи е август, вашиот избор можеби е под влијание од летото, ако постојано фантазирате за разладување во море. Но, ако ја тргнеме настрана летната жештина, тој кажува многу за вашата личност. Вие сте екстроверти. Претходните истражувања покажале дека екстровертите имаат потреба за „групирање“, односно дружење и разговори со другите, како и привлекување на туѓото внимание и забавување на луѓето околу нив. Од друга страна пак, ако сте ја одбрале фотографијата со планината, вие сте интроверти. Кај интровертите оваа потреба е многу помала.

Психолозите откриле колку добро луѓето се снаоѓаат во одредени компании, со колегите, па дури и во различни земји во однос на нивната интровертност или екстровертност. Познато е дека интровертите подобро функционираат во канцелариски простори каде што има помалку визуелни и аудио фактори кои го одвлекуваат вниманието, додека екстровертите се позадоволни во кафуле или канцеларија исполнета со многу луѓе и бука.

Според ова истражување, каде што била спроведен низа од 5 експерименти, истражувачите од Вирџинија успеале да покажат дека екстровертите повеќе сакаат многу отворени простори, вклучувајќи ја и плажата, додека пак интровертите ги привлекуваат шума и планини. Исто така, шумата и планините се најдобри места за самотија и размислување, додека плажите се многу побучни и нудат можност за набљудување на луѓето и потенцијална забава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар