Психолошки тест: На кој начин се поврзувате со другите луѓе?

Постојат различни стилови на поврзување кои не влијаат само врз односот кон вашиот партнер во романтичната и сексуална врска, туку и на односот и емпатијата кон вашите блиски.

Според Даниел Голман, американски психолог и еден од основачите на идејата за емоционалната интелигенција, постојат 3 видови луѓе: oние кои се сигурни во своите врски, оние кои избегнуваат врски и оние кои се несигурни во врските. Доколку сакате да дознаете како вие се поврзувате, решете го овој тест.

Пред да почнете имајте на ум дека не постојат точни и неточни одговори, само бидете искрени и одберете го одговорот кој вам најмногу ве опишува, а потоа побарајте го решението.

Психолошки тест: На кој начин се поврзувате со другите луѓе?

1. Како би го опишале односот на вашите родители кон вас во детството?

а) Грижливи, внимателни и преполни со разбирање

б) Не обрнувале многу внимание на вашите емоционални потреби

в) Тие (или барем еден од нив) се однесувале како двојна личност, еден момент ве навредувале, а веќе другиот ве прегрнувале

2. Колку брзо склопувате нови познанства?

а) Вие сакате да запознавате нови пријатели и додека го правите тоа се чувствувате пријатно

б) Многу сте внимателни и крути при склопувањето новите познанства

в) Сакате да се запознавате, но набрзо потоа секогаш ја преиспитувате вашата одлука

3. Колку важност им придавате на емоциите?

а) Им придавате голема важност на емоциите, со благ акцент на разумот

б) Емоциите знаат да ве измамат и затоа не треба да им се придава важност

в) Емоциите се оние кои ве водат низ животот

4. Кога поминувате низ тешки ситуации, што очекувате од вашиот партнер и пријатели?

а) Да ви овозможат емоционална поддршка и да бидат достапни за вас

б) Да ве остават на мира и да ја почитуваат вашата приватност бидејќи во тие ситуации сакате да сте сами

в) Да влезат во вашата кожа, целосно да се соживеат со вашиот проблем, да плачат заедно со вас и да ви даваат многу внимание

5. Доколку налетате на блиска личност во неволја, вие…

а) Без многу прашања брзо ќе ѝ помогнете

б) Прво добро ќе ја проверите ситуацијата бидејќи луѓето често знаат да бидат манипуланти и да искористуваат, а не сакате тоа да ви се случи вам

в) Премногу сте вознемирени и ве исцрпува туѓата неволја, па токму затоа и ги избегнувате проблемите

6. Што очекувате на емоционално ниво од партнерот во љубовната врска?

а) Да ви биде емоционално достапен и ваша поддршка, исто како и вие негова

б) Не верувате дека вашиот партнер ќе ви биде емоционално достапен, па затоа и воопшто не го очекувате тоа од него

в) Партнерот е целиот ваш свет и треба да ви биде емоционално достапен 24 часа во денот

7. Колкава слобода му давате на вашиот партнер?

а) Одмерена и по заеднички договор

б) Целосна – слободата е пресудна за успешна врска

в) Слободата не е добра бидејќи на тој начин партнерот може да си отиде

8. Колку често сте љубоморни?

а) Одвреме-навреме, но тоа не ве прогонува

б) Што е тоа љубомора?

в) Многу тешко ја контролирате вашата љубомора

 

  • Решение:

    Најмногу одговори под А – Сигурни во своите врски

    Вие сте личност која во своето детство се чувствувала многу сакана, безбедна и сфатена, па токму затоа и сте сигурни во вашите врски. Вие ниту претерано се приближувате до вашиот партнер, ниту пак го/ја туркате многу од вас. Се сметате за личност за која вреди другите да се грижат, а останатите ги гледате како достапни и добронамерни личности на кои можете да се потпрете. Токму затоа нивните односи најчесто се блиски и полни со доверба.

    Најмногу одговори под Б – Избегнувате блискост

    Децата кои во детството имале родители кои ги занемарувале нивните емоционални потреби, растат во возрасни кои избегнуваат блискост. Силните емоции за вас се непријатни и често мислите дека не можете емоционално да се потпрете на другите луѓе. Вашата стратегија понекогаш и има добра основа, но вие слепо се држите за неа дури и кога таа е целосно неефикасна.

    Најмногу одговори под В – Несигурни во своите врски

    Децата чии родители непредвидливо скокале од лутина во нежност, стануваат тешки и несигурни личности. Тие се склони на мисли дека нивниот партнер не ги сака вистински и понекогаш тој страв може да ја избрка оваа личност од нивниот живот. Вие се гледате како некој/а кој/а не е вреден/на ниту за љубовта ниту за вниманието на другите и токму затоа постојано се плашите дека ќе бидете оставени. Слепото држење до ова однесување може само негативно да влијае врз вашите врски.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар