Проверете ја вашата интуиција: Која е мајката на сликата?

Дали имате добра интуиција? Дали имате супермоќ да ги читате мислите на другите? Можете ли да претпоставите нешто за некоја личност што ќе ја сретнете само врз основа на нејзиниот изглед? Некои луѓе можат. Експертите за говор на телото можат да добијат многу информации од начинот на држење на телото, гестикулациите и мимиките што ги прават луѓето. Но, дури и да немате исклучителни вештини, сепак можете да процените многу врз основа на вашето лично внатрешно чувство. Па, ајде да видиме колку е силно вашето шесто сетило! Ова е едноставен тест кој ќе ви покаже колку сте добри во читање на луѓето.

Проверете ја вашата интуиција: Која е мајката на сликата?

Загатките како оваа можат да ви ги подобрат интуицијата и креативноста. Интуицијата од своја страна е значајна во комуникацијата и помага при донесување важни одлуки.

Добро погледнете ја сликата и обидете се да одговорите која е мајката.

  • Спремни сте да го дознаете одговорот?

    Мајката е жената од лево. Иако двете жени делуваат слично, нивните положби на седење се различни. Жената од лево е благо наведната нанапред кон детето, нејзините нозе се малку свртени кон него, па дури и изразот на нејзиното лице упатува дека таа е постојано спремна да реагира, додека истовремено е смирена и опуштена.

    Од друга страна, и момчето го оддава точниот одговор. Имено, тоа е свртено кон мајка му, што е многу вообичаено за децата додека играат некаде – сакаат да ја имаат својата мајка „на око“. Тоа ги прави да се чувствуваат безбедно и заштитено.

Направете го и овој тест: Одберете ја девојката што мислите дека е најатрактивна и дознајте што кажува тоа за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар