Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Доколку планирате деновиве да одите во Германија би било штета да не ја посетите Баварија, која се одликува со богата историја, култура и гастрономија. Денес ве водиме на прошетка низ малиот, но убав Меминген, лоциран на подрачјето на Швабија, еден од седумте административни окрузи на Баварија.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Меминген е мал град во оваа провинција. Но, и покрај тоа, нуди многу уникатни и неверојатни места каде би можеле да научите повеќе за историјата на Германија. Освен тоа, доколку сакате да ја вкусите германската традиционална храна тогаш задолжително морате да го посетите.

MEWO Kunsthalle

Започнете го вашето патување така што ќе ги погледнете изложбите во музејот за современа уметност и историја на уметност MEWO Kunsthalle. Овде можете да научите многу работи за Германија и културата воопшто, како и за историјата на самата уметност.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Siebendacherhaus

По пoсетата на музејот, задолжително посететете ја зградата која е позната како Siebendacherhaus. Станува збор за многу уникатна зграда која има дури седум покриви. Зградата има и богата историја зад себе, која ќе ја откриете кога ќе го посетите ова место. Дефинитивно нема да зажалите.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Kreuzherrensaal

Навистина вреди да ја посетите оваа сала, особено доколку сакате да го почувствувате духот на некогашното германско благородништво. Ќе се чувствувате како членови на кралско семејство кога ќе влезете внатре. Високиот таван, мермерните ентериери и огромната површина се дел од многубројните детали што ја красат оваа сала.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Rathaus Memmingen

Многу убава историска зграда со неверојатна фасада. Исклучителниот и зачудувачки ентериер и прекрасната надворешност се совршената комбинација што ја прави оваа зграда интересна и живописна.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Steuerhaus

Ова е зграда што ја користеле даночниците во Меминген, а била изградена кон крајот на 15 век. Она што е интересно за ова место е тоа што на приземјето има мала продавница во која можете да купите сувенири и гостилница каде што можете да се опуштите по разгледувањето и да уживате во локалната кујна.

Прошетка низ Менинген, малиот бисер на Баварија!

Откако прочитавте за Меминген, можеби ќе сакате да прочитате и за најтоплиот и најзелениот германски град.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар