Претворете ги старите тесни фармерки во ултра модерно парче облека

Имате тесни фармерки кои толку ви досадиле што повеќе не сакате да ги носите? Ги следите модните трендови и знаете дека искинатите фармерки сè уште се популарни? Доколку одговорот на ова прашањето е потврден, тогаш задолжително погледнете го овој едноставен и брз начин на кој можете да ги освежите вашите тесни фармерки и да ги направите да изгледаат ултра модерно!

1-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 1:

Допрете ги фармерките на себе и свиткајте ги на местото кај коленото.

2-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 2:

Проверете уште еднаш дали сте ги превиткале на вистинското место. Всушност, ногавицата би требало да допре до струкот кога е превиткана.

3-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 3:

Кога ќе го пронајдете вистинското место за свиткување, поминете со раката неколку пати за да се познава блага линија по која подоцна ќе сечете.

4-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 4:

Ставете подебел картон под линијата која ја направивте, бидејќи тој ќе ви послужи да не ја исечете и задната страна на фармерките.

5-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 5:

Со помош на скалпел внимателно повлечете линија, но само на средината, за коленото подоцна при носењето самото да направи природен процеп.

6-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 6:

Ставете ја раката на едната и другата страна од исеченото и полека повлечете го материјалот за да проверете дали процепот навистина се отвора, односно дали сте исекле добро.

8-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Чекор 7:

Сето ова што го направивте повторете го и на другата ногавица.

9-ednostaven-i-brz-nachin-pretvorete-gi-starite-tesni-farmerki-vo-ultra-moderno-parche-obleka-www.kafepazua.mk_

Ова е крајниот резултат, но доколку исечоците се премногу дискретни за вашиот вкус направете уште неколку на двете ногавици. Како што може да видите ова е брз и едноставен начин од старите фармерки да направите ефективно, модерно дневно парче облека!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар