Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина

Дури и кога не сте заедно, вие можете да бидете заедно. „Отсуството го прави срцето да биде помеко“, еднаш некој рекол. И оттогаш, оваа мисла станала мантра за љубовниците кои се во врска на далечина. Ние се согласуваме со нив. Просторот помеѓу физичката разделеност и емоционалната поврзаност за многу парови е еден вид мост кој ги спојува дури и кога се далеку еден од друг. А кој би можел подобро да ја објасни оваа ситуација од големите умови ширум светот?

(1) Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина

„Отсуството за љубовта е исто што и ветрот за огнот, таа ги гасне малите нешта, а ги пали големите.“ – Роџер де Рабутин

„Си замислувам линија, бела линија, насликана на песокот и океанот, од мене до тебе.“ – Џонатан Сафран Фоер

„Најстрашното нешто за далечината е што не знаете дали ќе им недостасувате или ќе ве заборават.“ – Николас Спаркс

„Спротивно на мислењето на циниците, далечината не е за бестрашните – таа е за храбрите. Таа е за оние кои се подготвени да поминат многу време сами во замена за малку време со оние кои ги љубат.“ – Меган Даум

„Твоето отсуство не ме научи како да бидам сам, туку ми покажа дека кога сме заедно имаме само една сенка на ѕидот.“ – Даг Фетерлинг

„Го носам твоето срце со мене (го носам во моето срце).“ – Е. Е. Камингс

„Каде што беше ти, сега има дупка во светот, и забележувам дека за време на денот постојано одам околу неа, а за време на ноќта паѓам во неа. Ми недостасуваш премногу.“ – Една Милеј

„Ако внимателно го слушаш ветрот, ќе можеш да ме чуеш како ја шепотам мојата љубов за тебе.“ – Ендрју Дејвидсон

„Верувам во немерливата моќ на љубовта, дека вистинската љубов може да ги издржи сите околности и да ја надмине секоја далечина.“ – Стив Мараболи

(2) Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина

„Нашите часови поминати во љубов имаат крилја, во отсуство – патерици.“ – Колеј Кибер

„Љубовта ги смета часовите во месеци и деновите во години, а секое мало отсуство во ери.“ – Џон Драјден

„Колку ли сум среќен што имам нешто што го прави збогувањето толку тешко?“ – А. А. Милн

„Љубов е кога ви недостасува некој кога сте разделени, но сепак се чувствувате топло однатре бидејќи ви е блиску до срцето.“ – Кеј Надсен

„Љубовта не препознава далечина, нема континенти, нејзините очи се за ѕвездите.“ – Гилберт Паркер

„Во љубовта, дури и најмалата оддалеченост може да биде преголема, и најголемата оддалеченост може да биде поврзана со мост.“ – Хенри Нувен

„Отсуството ја остри љубовта. Присуството ја зацврстува.“ – Томас Фулер

„Не е далечината непријателот, туку бескрајното време кое треба да чекам за да те држам повторно во мојата прегратка.“ – Ливиус Бески

„Нашата оддалеченост еден од друг е оптичка илузија на свесноста.“ – Алберт Ајнштајн

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар