Прекрасен африкански ритуал што секое модерно општество треба да го преземе

Прекрасен африкански ритуал што секое модерно општество треба да го преземе

Постои едно африканско племе што го негува најубавиот обичај на светот. Имено, доколку некогаш се случи некој од членовите на племето да направат нешто погрешно и лошо, тие не се осудувани од страна на останатите. Токму спротивното, целото племе се обидува да им помогне, да им олесни и да ги потсети колку всушност тие вредат и сè тоа на еден многу специфичен и прекрасен начин.

prekrasen-afrikanski-ritual-shto-sekoe-moderno-opshtestvo-treba-da-go-prezeme

Тие доаѓаат по личноста што згрешила, ја носат во центарот на селото каде што се собира целото племе и во текот на следните два дена сите заеднички разговараат со неа за сите добри нешта што ги постигнала и направила во својот живот. Ова необично племе верува дека секое човечко суштество се раѓа со добра душа и дека секој од нас во суштина сака сигурност, мир, среќа и љубов.

Но понекогаш, во потрага по овие благослови, луѓето прават грешки што оваа заедница всушност ги гледа како повик за помош на оној што ги направил. Токму затоа и сите заеднички придонесуваат во намерата да го охрабрат, подигнат и повторно да го поврзат со својата вистинска природа, односно да го потсетат на она што навистина е. Тие со својата близина помагаат сè додека оваа личност не ја сфати вистината на која заборавила додека грешела, а тоа е дека има добра душа.

Ова племе често го користи поздравот: „Shikoba Nabajyotisaikia“. „ Nabajyotisaikia“ е комплимент што е чест во Јужна Африка, а значи: „Те почитувам. Те ценам. Ми значиш!“ Како одговор на ова луѓето обично изговараат „Shikoba“ што се преведува како: „Јас, затоа, постојам за тебе.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар