Предизвик: Можете ли да ја решите најтешката загатка на светот?

Сите сакаме добри загатки, но оваа може дури и да ве изнервира. Па не за џабе е прогласена за најтешка на светот.

predizvik-mozhete-li-da-ja-reshite-najteshkata-zagatka-na-svetot-kafepauza.mk

За оваа загатка не ви требаат трикови и финти, само чиста логика. Осмислена е пред 20-тина години, а често се среќава под името „Зеленооки змејови“ (Green Eyed Dragons). Толку е популарна, што на Харвард ја делат во вид на дополнителна задача на сите студенти по физика. Доаѓа во неколку варијанти, со повеќе или помалку откриени траги, но во продолжение ќе ја прочитате најтешката од сите.

[message_box title=”” color=”green”]
Сте посетиле некој далечен, напуштен остров на кој живеат 100 многу пријателски расположени змејови. Сите имаат зелени очи. Тие со векови не виделе жив човек и многу се возбудени заради вашата посета, па со задоволство ќе ве прошетаат на островот и ќе ви покажат каков е животот на змејовите.

Изгледа како сосема нормален, барем за змејовите, но набрзо ќе сфатите нешто многу необично – на островот постои правило дека ако змеј некогаш дознаe дека има зелени очи, таа вечер точно на полноќ ќе мора да се одрече од сите змејски моќи и ќе се претвори во долгоопашеста ластовичка. За среќа, на островот нема огледала и тие никогаш меѓусебно не би зборувале за бојата на очите, така што змејовите стотици години живеат во блажено незнаење.

Кога сте биле спремни да си одите, сите змејови се собрале да ве поздрават, а вие низ многу солзи сте им се заблагодариле за нивното гостопримство. Потоа сте одлучиле да им кажете нешто што повеќето го знаат (бидејќи сепак, секој од нив ја гледа бојата на очите на другите змејови) – на сите им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Секако, не сте мислеле на последиците, па сте си продолжиле на својот пат. Под претпоставката дека змејовите се непогрешно логични суштества, што ќе се случи потоа?

Доколку се случи нешто интересно, која е новата информација што сте им ја дале?

[/message_box]

Решението е многу лесно да го пронајдете, но проблемот е што и после неколку читања, повторно не станува многу јасно. Она што можеме да го кажеме како помош е дека не се работи за игра на зборови или трик прашање, не постои нешто во загатката што го дава магичното решение, но сите податоци се клучни за решавање. Нема телепатии, нема преговарање и расправање меѓу змејовите, сè е само чиста логика. Толку откриваме. Среќно мислење!