Прецизен тест што ќе ве воодушеви: Дознајте со каква енергија зрачите!

Психијатарите познаваат разни техники и методи со чија помош ги откриваат особините на луѓето кои не се толку очигледни. Тие најчесто се служат со интересни тестови што ги откриваат длабочините на човечката потсвест. Ова еден од тие тестови! Доколку сакате да дознаете со каква енергија зрачите, земете лист хартија и пенкало и „фатете“ се за работа…

Прецизен тест што ќе ве воодушеви: Дознајте со каква енергија зрачите!

1. Кога се чувствувате најдобро?

а) Наутро (2 бода)

б) Попладне и навечер (4 бода)

в) Доцна навечер (6 бода)

2. Кога одите, одите…

а) Доста брзо, со долги чекори (6 бода)

б) Релативно брзо, со ситни чекори (4 бода)

в) Не многу брзо, со исправена глава, гледајќи пред себе (7 бода)

г) Не многу брзо, со наведната глава (2 бода)

д) Многу бавно (1 бод)

3. Кога зборувате со луѓето…

а) Стоите со вкрстени раце (4 бода)

б) Рацете ви се склопени (2 бода)

в) Ги држите едната или двете раце на колкови (5 бода)

г) Ја допирате или ја туркате личноста со која разговарате (7 бода)

д) Си играте со увото, ја допирате брадата или ја вртите косата (6 бода)

4. Кога се одморате, седите…

а) Со свиткани колена, нозете се опуштени, една покрај друга (4 бода)

б) Со вкрстени нозе (6 бода)

в) Со рамно испружени нозе (2 бода)

г) На една нога свиткана под вас (1 бод)

5. Кога навистина ве забавува нешто, вие реагирате…

а) Со гласно смеење (6 бода)

б) Со смеење, ама не гласно (4 бода)

в) Со тивко насмевнување (3 бода)

г) Со срамежлива насмевка (2 бода)

6. Кога одите на некој настан, вие…

а) Многу сте гласни на влезот, така што сите можат да ве забележат (6 бода)

б) Доаѓате незабележано и гледате наоколу во потрага по познати луѓе (4 бода)

в) Потполно сте незабележани и се обидувате никој да не ве види (2 бода)

7. Задлабочени сте во нешто, многу сте зафатени и некој ве прекинува…

а) Среќни сте поради прекинот (6 бода)

б) Крајно сте изнервирани поради тоа (2 бода)

в) Се наоѓате некаде помеѓу двете крајности (4 бода)

8. Која боја ви е омилена?

а) Црвена или портокалова (6 бода)

б) Црна (7 бода)

в) Жолта или светло сина (5 бода)

г) Зелена (4 бода)

д) Темно сина или виолетова (3 бода)

ѓ) Бела (2 бода)

е) Кафеава или сива (1 бод)

9. Навечер, кога сте во кревет, неколку моменти пред да заспиете, вие…

а) Испружени сте на грб (7 бода)

б) Испружени сте на стомак (6 бода)

в) Свиткани сте на страна (4 бода)

г) Сте ја потпреле главата со една рака (2 бода)

д) Главата ви е под јорган (1 бод)

10. Често сонувате дека…

а) Паѓате (4 бода)

б) Се тепате или се борите (2 бода)

в) Барате нешто или некого (3 бода)

г) Летате или лебдите (5 бода)

д) Најчесто не сонувате (6 бода)

ѓ) Соништата ви се секогаш пријатни (1 бод)

Сега соберете ги бодовите и прочитајте ги резултатите!

  • Над 60 бодови

    ДОМИНАЦИЈА

    Другите ве сметаат за личност со која треба да бидат внимателни. Мислат дека сте по малку арогантни, егоцентрични и изразено доминантни. Некои ви се восхитуваат и сакаат да бидат како вас, но не ви веруваат секогаш и се колебаат дали да остварат подлабока врска со вас.

  • Од 51 до 60 бодови

    ТЕМПЕРАМЕНТНОСТ

    Другите ве сметаат за возбудлива личност со експлозивен темперамент. Оставате впечаток на импулсивни и родени лидери кои брзо донесуваат одлуки, што не се секогаш правилни. Луѓето ве гледаат како храбри авантуристи кои секогаш преземаат ризици и уживаат да пробуваат нови работи. Уживаат да бидат во ваше друштво поради возбудливоста со која зрачите.

  • Од 41 до 50 бодови

    ПРАКТИЧНОСТ

    Другите ве сметаат за директна, шармантна, забавна, практична и интересна личност која секогаш е во центарот на вниманието, но е доволно урамнотежена за да не дозволи да ѝ удри тоа во глава. Освен тоа, луѓето мислат дека сте љубезен и внимателен човек кој е полн со разбирање и е секогаш подготвен да помогне и да развесели некого.

  • Од 31 до 40 бодови

    ЛОЈАЛНОСТ

    Другите ве сметаат за разумна, внимателна, грижлива, паметна, талентирана и скромна личност. Не се спријателувате многу брзо, но многу сте им лојални на луѓето кои ќе станат ваши пријатели и ја очекувате истата лојалност за возврат. Оние кои ве познаваат вистински, знаат дека треба да се случи нешто многу сериозно за да се разниша вашата доверба во пријателите, но исто така знаат дека ви треба многу време да простите доколку дојде до нешто такво.

  • Од 21 до 30 бодови

    ПРЕТПАЗЛИВОСТ

    Пријателите ве сметаат за совесна и педантна личност. Ве гледаат како многу внимателен и грижлив човек кој работи бавно, но напорно. Многу би се изненадиле кога би реагирале импулсивно, со оглед на тоа што секогаш прво детално ги набљудувате работите, па дури потоа дејствувате. Причината за тоа е вашата претпазлива природа.

  • Помалку од 21 бод

    НЕОДЛУЧНОСТ

    Луѓето ве сметаат за срамежлива, нервозна и неодлучна личност која секогаш сака некој друг да одлучува наместо неа и која не сака во ништо да се меша. Оставате впечаток на вечно вознемирен човек кој само ги гледа непостоечките проблеми. Некои луѓе ве сметаат за здодевни. Само оние кои добро ве познаваат знаат дека тоа не е вистина.

Расположени сте за уште еден забавен тест? Дознајте дали ве води срцето или разумот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар