Правила кои мора да ги заборавите во вашите дваесетти години

Одредени правила и размислувања постојат за да ни помогнат да напредуваме во животот. Од друга страна пак, се сретнуваме и со некои кои можеби сè уште важат за одредена возрасна доба, но не и за дваесеттите години. Па, доколку и вие сте во оваа декада од вашиот живот, погледнете ги следниве правила кои мора веднаш да ги заборавите доколку сакате да успеете на секое поле.

Правила кои мора да ги заборавите во вашите дваесетти години

„Држете се до тоа што го знаете и во што сте добри“

Сигурно голем дел од вас ќе согласат дека со помош на ова правило го смалувате ризикот од грешки, но дали сметате дека би можеле да напредувате ако не излезете од вашата удобна зона? Како ќе знаете кои се вашите вистински таленти и страсти ако не го проширите малку видикот и правите нови и возбудливи нешта?

„Никогаш не го правете првиот чекор“

Девојки, ова е 2016-та година. Благодарение на Интернетот, сигурно веќе можете да заклучите дека не постои оправдано правило тој да мора да биде првиот кој ќе се јави. И којзнае, можеби ако се придржувате до ова застарено размислување, ќе ја пропуштите љубовта на вашиот живот.

„Некои бои едноставно не одговараат на вашиот тен“

Безброј пати ни е кажано како некои бои, дизајни и комбинации едноставно не се согласуваат со нашиот тен, боја на очи, коса, облик на тело… Но, вие треба да ги одбирате оние модели во кои се чувствувате добро и кои ви помагаат со самодовербата. Не обрнувајте внимание на боите – ако ви се допаѓа како изгледате во нив, слободно уживајте!

„Жените не би требало да патуваат сами“

Уште еднаш ќе кажеме дека живееме во 2016 година. Поголемиот дел од жените ширум светот веќе патувале многу, особено сами, а по нив сигурно ќе следуваат уште милиони други. Размислете, што е тоа што ве држи дома? Влијанието на луѓето околу вас или можеби вашиот страв? Не дозволувајте другите, ниту пак стравот да ве спречуваат да уживате во вашиот живот.

„Не разговарајте со странци“

Оваа реченица сме ја чуле безброј пати во детството, но иако тогаш било корисно да ја помниме, денес мора целосно да ја заборавиме. Кршењето на ова правило може да ви отвори бројни врати во вашиот живот, кариера, љубов… Немојте да се плашите да поздравите лице кое вам не ви е познато. На крајот од денот, сите сме странци пред да се запознаеме, се согласувате?

„Ако не можете да кажете нешто убаво, подобро молчете“

Не охрабруваме караници, ниту тепачки, но има моменти кога ни е многу потребно да кажеме нешто што не вклучува празни комплименти. Понекогаш е подобро да кажете нешто со цел да се одбраните себеси или вашиот став и едноставно да не им дозволите на другите луѓе да ве газат. Иако најчесто е паметно да ги игнорирате очигледните провокации, не можете секогаш сè да чувате во себе.

„Не користете силен руж покрај нагласени очи

Ако нешто нè научи изгледот на Снежана, тоа е дека силниот ајлајнер за очи одлично изгледа покрај нагласениот руж. На крајот од краиштата, вие најдобро знаете што изгледа добро, а што не на вашето лице.

„Целото време треба да го поминувате во канцеларија“

Иако вашите дваесетти се совршеното време за градење кариера и планирање на иднината, ова е најверојатно и најнезависниот период кој некогаш ќе го имате. Ние ја поддржуваме напорната работа, но немојте да заборавите дека иднината носи многу повеќе од успех во кариерата. Одвојте време и за хоби, пријатели и партнер. Клучот за среќен живот вклучува успех на секое поле.

„Драстичните промени на фризурата изгледаат добро само на некои лица

Не можете да знаете дали ќе ви стои одредена фризура доколку не пробате. Во најлош случај, косата расте, па брзо ќе ја промените фризурата доколку новата не ви се допаѓа. Ако не ризикувате, како ќе го најдете совршениот изглед? Од друга страна пак, постојат безброј апликации кои можат да ви дадат идеја за тоа како би изгледале со одредена фризура. Истражувајте.

„Не би требало да се пријавувате на позиција која е многу повисока од вашата сегашна

Ако се обидувате да напредувате во вашата кариера, мора да имате на ум дека тешко е да се најде правата прилика, па затоа и не треба да се ограничувате на одредено ниво. Секако, потрагата по работата мора да вклучува реалистично размислување, но вие самите најдобро ги познавате вашите способности. Којзнае, можеби токму амбициозноста ќе ве турне нагоре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар