Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Нивното богатство денес се проценува во милиони, тие служат како модели за однесување на многу млади девојки низ целиот свет, воспоставуваат модни трендови и новинарите ги следат на секој чекор. Но, за нив животот не бил отсекогаш лесен. Напротив, многу од нив биле дури и бездомници пред да станат славни актерки и пејачки со интернационална слава. Нивниот пример ни зборува дека кога имаме желба, тогаш нема височини што не можеме да ги постигнеме.

Хали Бери

(1) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Добитничката на Оскар, Хали Бери, поминала некое време во засолниште за бездомници, првиот пат кога си заминала од дома. Неколку месеци откако се преселила во Чикаго, се јавила кај мајка ѝ да позајми пари, но таа не ѝ дала. Убавата актерка подоцна изјавила дека е многу благодарна на мајка ѝ што не ѝ позајмила пари бидејќи така научила да води сметка за себе.

Џенифер Лопез

(2) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Почетоците на славната актерка и пејачка не биле воопшто лесни. Во едно интервју, таа раскажала дека пред да се прослави, спиела на кауч во едно студио за танц.

Селин Дион

(3) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Богатата Канаѓанка не израснала во раскош. Родена е како најмало дете во семејството, а како што изјавува самата, живееле во многу мала куќа. Никогаш немале доволно пари, но затоа имале многу љубов и поддршка од родителите.

Деми Мур

(4) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Познатата актерка живеела во камп – приколка со мајка алкохоличар и очув. Тие двајца имале проблематичен брак, полн со насилство и често се селеле. Кога имала 16 години, Деми Мур ги напуштила и почнала да работи како модел.

Сара Џесика Паркер

(5) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Родителите на славната актерка се развеле кога таа имала само 2 години. Имале огромни потешкотии околу финансиите и одвај сврзувале крај со крај. Сара ја добила својата прва улога на Бродвеј на само 11 години.

Кејт Винслет

(6) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Иако татко ѝ бил актер, имал потешкотии да го прехрани своето семејство. За да обезбеди повеќе средства, тој постојано работел прекувремено. Кејт изјавила дека во детството никогаш не носела нова облека, туку дека облеката секогаш ја наследувала од своите постари роднини.

Лејтон Мистер

(7) Познати актерки кои во одреден дел од нивниот живот биле бездомнички

Ѕвездата на ТВ серијата „Gossip Girl“ имала тешко детство. Родена е во затвор, каде што и живеела до три месеци, кога нејзината баба го презела старателството над неа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, што во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар