Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Кој е најефикасниот начин уметникот успешно да се соочи со физичките и емоционалните проблеми за да дојде до состојба на иницијација или просветлување?

Просветлување и имагинација

Повеќето истражувања низ историјата утврдуваат дека духовната медицина помага при ублажување на низа болести со кои уметникот се сретнува. Таквата дисбалансирана состојба се манифестира низ енергетското тело, неговата емоција, мисли и низ неговото физичкото тело. Преку примерот на ритуалите и обредите на шаманите (духовни исцелители), физичките и емоционалните проблеми преоѓале во процес на духовно будење или просветлување, така што се намалувала душевната болка или празнина.

Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Но, во денешно време болестите на модерниот човек се далеку поразлични и веројатно неразбирливи за човекот од подалечното минато, бидејќи бил поврзан повеќе со природата, и со нејзина помош полесно ги развивал интуитивните внатрешни креативни чувства. Во таа насока, наспроти реалноста стои она што го нарекуваме имагинација. Таа претставува способност на умот да се судри и да дејствува во совладување на некој проблем, способност за креирање нови идеи, за изнаоѓање нови решенија и творечка способност.

Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Историјат на консумирање опојни дроги

Се претпоставувало дека човекот ја користел дрогата уште во палеолитско време, но свој поголем подем и значење добила во времето на општествениот развој на религиско-митските обичаи, кога човекот достигнал повисоко ниво на свест во својот развој. Така на пример, во пештерското сликарство познато е дека уметниците користеле стимуланси и креирале под маски, со цел да достигнат состојба на автосугестија или сугестија на врачар, така што побрзо паѓале во состојба на транс, егзалтација и екстаза и се поврзувале со свети духови. На тој начин, делото добило магиски карактеристики, и му овозможило на креаторот да се поврзе со внатрешни демони, со кои конфликтно комуницирал и сè повеќе се осознавал себеси.

Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Научниците и психолозите тврдат дека дрогата се употребува како надворешно стимулативно средство и тоа во оној момент кога недостасува внатрешно, а ако на тоа се додаде духот на модерното време, не е ни чудно што дрогата се употребувала таму каде што недостасува креацијата и инспирацијата, а тоа всушност се случувало најчесто во творештвото. Владислав Паниќ во својата книга „Психологија и уметност“ наведува дека дрогата е вештачки стимулатор и дека не може да го замени талентот при творењето, но понекогаш може да ги поттикне несвесните содржини и на творецот да му даде материјал од кои ќе го создаде уметничкото дело. На пример, Мопасан напишал врвни дела под  дејство на дрога, потоа познатите ѕвезди како Курт Кобеин, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Ејми Вајнхаус, Мерлин Монро, Ричард Бартон и многу други, починале од прекумерно консумирање дрога и алкохол, но оставиле значаен печат во историјата на музиката и филмот и се инспирација на генерациите кои доаѓаат по нив.

Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Креирање под халуциногено дејство

Исто така, интересен е фактот на привлечната моќ на дрогата кон која често прибегнуваат многу уметници, и дека во момент на халуцинација, во перцепцијата, уметничкото дело се претвора во некакви криви линии, во него се појавуваат нерамнини и секоја боја се издвојува како посебна целина. Некои уметници под дејство на опијати цртаат автопортрети, со ставање посебен акцент на цртање некакви спирали околу својата глава и многу ситни детали, а себеси се претставуваат со широко отворени очи и во возбудлива состојба.

Поврзаноста помеѓу уметноста и дрогата

Ова покажува дека под влијание на различни наркотични средства, несомнено, уметниците создаваат оригинални уметнички дела, со чие халуциногено дејство совршено експериментираат, слободно импровизираат и креираат сосема поинаква визуелна реалност која е неповторлива, но и која остава длабока импресија и формира ново арт движење, кое денес е релевантно и претставува појдовна инспиративна точка на креаторите во денешно време.

Автор: Марија Стојческа

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Sasko Reply

    Konecno nekoj da gi spoi umetnosta i drogata vo eden prekrasen realisticen tekst…bravo prodolzete vaka

Остави коментар