Поучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себе

Поучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себе

Сигурно сте слушнале повеќепати дека доброто со добро се враќа и дека треба да бидеме дарежливи, бидејќи само така ќе можеме да успееме во животот. Понекогаш можеби ви се чини дека овие изреки не функционираат во реалниот свет каде што владеат неправди, но клучот лежи во тоа да бидете трпеливи. Вашата добрина еден ден несомнено ќе ве награди со сочни плодови, само треба да почекате! Прочитајте ја следнава приказна која ќе ве увери во тоа…

Поучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себе

Си бил еден земјоделец, чие жито постојано добивало прва награда на локалниот саем. Но, тој воопшто не бил вообразен поради неговиот успех, напротив! Тој го делел неговото најдобро семе со сите селани во околината. Кога го прашале зошто го прави тоа, тој им го одговорил следново:

„Станува збор за мој личен интерес. Ветарот го носи поленот од една нива на друга. Кога моите соседи би одгледувале жито со лош квалитет, вкрстеното опрашување би го намалило квалитетот и на моето жито. Ете зошто ми е толку важно секогаш да го насадуваат само најдоброто семе.“

Невозможно е да им помогнете на другите без истовремено да си помогнете и себе, исто како што е невозможно да им нанесете зло на другите без истовремено да си нанесете зло и себе. Правете добри дела и не штедете ја вашата хуманост! Само така ќе го дознаете вистинското значење на зборот „човек“ и ќе можете да постигнете личен напредок.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна која ќе ви го стопли срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар