Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

Иако ќе се согласите дека за вкусовите не се дискутира, сепак нема ништо лошо во коментирањето за нечиј вкус. Така, можеби на вашата листа на дестинации има градови кои сакате да ги посетите, а кои другите сметаат дека не вредат да бидат посетени? Компанијата Bounce, специјализирана за складирање багаж, спровела истражување во поглед на тоа кои градови се преценети, а кои потценети.

Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

Истражувањето зело предвид два параметра – бројот на знаменитости и атракции во еден град и бројот на посетители.

Во пракса тоа изгледа вака: доколку еден град има голем број знаменитости, а не е популарна туристичка дестинација, тогаш се смета за потценет. Така, грчкиот остров Родос го зазеде првото место благодарение на многубројните знаменитости кои се дел од УНЕСКО како и прекрасно зачуваниот стар град. Сепак, иако островот е богат со историја и идеална клима, истражувањето покажало дека туристите и не обраќаат толку внимание на тоа.

Веднаш по Родос следуваат Маракеш и Порто. Вториот по големина град во Португалија иако во последните години доживеа значителен туристички бум, сепак годишно го посетуваат само 2,5 милиони луѓе. На списокот следуваат Хераклион (главен град на округот Хераклион како дел од островот Крит) и Рио де Жанеиро.

Кога станува збор за листата со прескапи, но и преценети градови на прво место е Париз по кој следуваат Њујорк, Лондон, Истанбул и Милано. Сите овие градови годишно се посетувани од милиони туристи.

Во секој случај, доколку сакате да патувате, а притоа да не мора да се справувате со гужви, знаете каде можете да отидете. Од друга страна, нека не ве плаши ниту листата со петте најскапи туристички градови бидејќи вредат да бидат посетени.

Откако ги прочитавте резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар