Постојат 4 типа интроверти: Кој од нив сте вие?

Постојат 4 типа интроверти: Кој од нив сте вие?

Во денешно време модерно е да се биде интроверт. Но, пред да ја поминете вашата саботна вечер на каучот во придружба со некоја добра книга или вашата омилена серија, треба да знаете дека не се сите интроверти исти. Според психолозите, постојат 4 типа интроверти кои варираат од сосема опуштени до претерано анксиозни. Што мислите, во која група припаѓате вие? Дознајте во продолжение…

Постојат 4 типа интроверти: Кој од нив сте вие?

Друштвени

Вашата замисла за совршена вечер подразбира дружба со мала група на пријатели, одење во кино или на вечера. Но, не ги одбивате ни поканите за разни забави. Редовно присуствувате на сите настани и одлично си поминувате. Меѓутоа, по макотрпното дружење, ви треба малку време за да си ги наполните батериите. Одвојте време за релаксација за да можете да постигнете совршен баланс.

Мислители

Кога вашите пријатели почнуваат да разговараат за најновата епизода на „Игра на тронови“, вие немате многу што да кажете. Но, тоа не е така затоа што се срамите да гo искажете вашето мислење или затоа што не сакате да бидете со нив. Тоа е така затоа што живеете со главата во облаците и сонувате со отворени очи додека си замислувате како еден ден ќе напишете сценарио за ТВ серија. Имате толку бујна фантазија и креативност што мислите кои ви поминуваат низ глава се вашата омилена забава.

Анксиозни

Треба да излезете на вечера со пријателите а вам почнуваат да ви се мотаат следниве мисли во глава: „Што да облечам?“, „Што ако немам за што да разговарам?“, „Што ако човекот кој ќе седи до мене цела вечер зборува за фудбал?“. Без разлика дали станува збор за 1 човек или 100, вие премногу размислувате за секој настан на кој треба да присуствувате.

Неодлучни

Пријателите ве прашуваат дали сакате да го пробате новиот мексикански ресторан или да одите во вообичаената пицерија на вечера, а вам ви треба цела недела за да одлучите. Вие секогаш правите детална анализа пред да донесете одлука. Токму поради тоа, оставате впечаток на резервирана, тивка и флегматична личност. Добрите вести се дека кога конечно ќе одлучите, воопшто не се сомневате во вашиот избор. Нема да погрешите со вашата омилена пицерија!

Во продолжение, прочитајте ги овие 9 знаци дека сте вистински интроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар