Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?

Ако се сметате за експерти за логички задачи, сигурно ќе сакате да ја решите оваа загатка. Предупредување: Потешка е одошто изгледа! Сепак, не се откажувајте по првиот обид и одвојте малку време. Подготвени сте да почнете?

Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?

Аглите на деловите од оваа сложувалка можат да допираат други слики само ако се од истиот тип. Бубамарата оди со бубамара, чадорот оди со чадор, печурката оди со печурка и така натаму. Ваша работа е да ги сместите деловите кои се тргнати на страна во празните простори на сложувалката. Симболите мора да бидат наредени точно, вклучувајќи ги и новите делови што сте ги наместиле во сложувалката. Исто така, не смеете да ги повторувате деловите. Не треба да ги искористите сите делови, така што водете сметка за оние кои ќе ви останат.

Задачата е едноставна, но само вистинските генијалци можат да ја решат точно оваа загатка. Ќе ви треба солидна меморија, голема фантазија и силна смисла за логика. Најтешкиот дел ќе ви биде да запомните кое делче веќе сте го одбрале и како изгледа сложувалката откако сте го наместиле. Но, ние имаме верба во вас! Ви треба само малку концентрација и ќе дојдете до вистинскиот одговор.

Успеавте да ја решите? Не се откажувајте! Ако навистина не можете да ја решите, нацртајте ја сложувалката или буквално исечете ги делчињата за да можете да добиете појасна слика. Кога ќе бидете сигурни дека го имате вистинскиот одговор, ѕирнете во решението.

  • Решение

    Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?

Доколку успеавте да ја решите точно, честитки! Вие сте вистински генијалци! Сега обидете се да ја решите и оваа загатка и откријте дали размислувате логички.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар