Постои научно докажана причина зошто мразите хорор филмови

Постои научно докажана причина зошто мразите хорор филмови

Илјадници луѓе се подготвени да се сместат на каучот и да уживаат во хорор филмовите што ќе ги исплашат и ќе направат да потскокнат од место. Но, постојат и поединци кои мразат страшни филмови. Тие едноставно не можат да ги поднесат ужасните сцени кои им предизвикуваат кошмари навечер.

Постои научно докажана причина зошто мразите хорор филмови

Но, аверзијата кон хорор филмовите не зависи само од личниот интерес, туку и од психолошките потреби. Некои луѓе имаат психички предиспозиции да реагираат поинаку на овој тип содржини. Иако нема конечен одговор зошто некои луѓе ги обожуваат хорор филмовите, а други не, постојат неколку можни објаснувања.

Луѓето кои сакаат хорор филмови поинаку го доживуваат стресот

Луѓето кои бараат возбуда се понаклонети кон хорор филмовите, поради начинот на којшто ја толкуваат телесната реакција на стресот. Филмовите што предизвикуваат страв го забрзуваат срцевиот ритам и ја зголемуваат енергијата.

„Некои луѓе го сфаќаат ова на позитивен начин. Тие се чувствуваат живи, исто како да имале интензивни јога вежби или некоја друга активност што ги буди сетилата. Но, други луѓе го сфаќаат ова како паничен напад, бидејќи губат контрола врз телесните реакции“, објаснуваат експертите.

Луѓето кои мразат хорор филмови се многу чувствителни

Луѓето коишто се многу чувствителни се поемпатични и имаат поразвиени сетила. Тоа значи дека тие доживуваат поинтензивна психичка реакција кога гледаат насилни и страшни филмови.

Доживувањата од детството влијаат на стравовите на луѓето

Луѓето коишто имале позитивни искуства кога биле мали со работи што ги изненадиле, но не ги исплашиле премногу, ги сфаќаат страшните активности како нешто возбудливо.

„Мислењето за овој жанр зависи од тоа дали родителите ги изложиле децата на страшни филмови пред да сфатат дека чудовиштата не се вистински и дали им дозволиле да се возат на ролеркостер премногу рано. Ваквите работи влијаат на тоа дали поединецот ќе ужива во хорор филмовите или не“, откриваат психолозите.

Некои луѓе ги гледаат хорор филмовите како можност за зближување со другите

Гледањето хорор филмови може да биде забавно искуство доколку го споделите со вашите сакани.

„Сите знаеме дека врските што ги остваруваме кога сме под стрес се многу силни, особено со луѓе кои веќе ни се блиски и драги. Така на пример, секогаш кога излегувате со вашите пријатели и правите нешто забавно, интензивно и страшно, тоа може да ви помогне да создадете побогати и поинтересни сеќавања“, советуваат експертите.

Со други зборови, интересот на луѓето за хорор филмовите зависи од многубројни фактори што не се под нивна контрола. Нареден пат кога вашите блиски ќе ве замолат да не им пуштате страшни филмови, сфатете ги сериозно и не ги обвинувајте поради тоа. Одберете нешто во коешто сите ќе уживате!

Доколку сте љубители на овој жанр, задолжително погледнете ги следниве 6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемират.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар