Погледнете што имате на вашата работна маса во овој момент и откријте нешто повеќе за себе

На вашата работна маса има повеќе нечисти шолји кафе отколку документи? Имате многу спојувалки во различни бои? Или пак, нема ништо друго освен едно пенкало? Предметите кои ги чуваме на работната маса можат да откријат многу за една личност, па токму затоа погледнете убаво што имате пред вас и дознајте што тоа кажува за вас…

Погледнете што имате на вашата работна маса во овој момент и откријте нешто повеќе за себе

1. Спојувалки во различни бои

Вие поминувате многу време во сурфање низ портали за животен стил и мечтаете да направите бизнис од вашиот профил на Инстаграм. На социјалните мрежи редовно објавувате фотографии од вашите очила за сонце покрај утринската шолја кафе, кои поминале низ неколку апликации за филтри. Познати сте како главниот организатор на празничните забави во вашата канцеларија и постојано испраќате мејлови во кои ги потсетувате колегите за оние кои имаат роденден. Токму затоа сите ве сакаат.

2. Потсетник во кој пишува сè што морате да направите

Прецртување на завршените задачи во вашиот роковник многу ве исполнува, но и ве прави попрактични. Вие повеќе сакате печатени книги отколку е-книги, готвење отколку јадење во ресторан, гледање филмови во кино отколку онлајн и на работа сакате да носите пристојна и класична облека наместо она што моментално е во тренд. Другите постојано бараат од вас да им препорачате добро вино или книга. Некои дури можеби ве сметаат и за сноб, но вие сте само една дама која знае што сака.

3. Неколку нечисти шолји кафе

Драмата за вас почнува рано наутро, без разлика дали станува збор за караница со партнерот, непослушни деца, пасивно-агресивен цимер, гужва во сообраќајот… До 8 часот наутро вие веќе сè сте преживеале и кога ќе пристигнете на работа детално им ги раскажувате вашите патешествија на поспаните колеги. Вие сте и голем експерт во работење додека сè уште сте мамурни и во едната фиока од вашата работна маса секогаш можете да најдете екстра маица, фустан или пар чевли. Вие исто така знаете точно каде се наоѓаат најдобрите места за забава по работата.

4. Пенкала во сите бои

Вие сте горди на вашите профили на Инстаграм и Пинтерест и воопшто не ви е јасно зошто некои луѓе од вашата канцеларија не ве следат на социјалните мрежи. Уверени сте дека тоа е повеќе нивна загуба отколку ваша. Вие сте експерт за подготвување здрава храна, знаете да подготвите и безглутенски кекси и на сите им зборувате како палачинките од киноа се многу вкусни. Постојано размислувате да ги означите полиците за книги со различни бои, бидејќи така ќе изгледаат кул. Многу ве нервира идејата да одите на работни состаноци, иако потајно уживате во нив.

5. Едно пенкало и скоро ништо друго

Вие ја мразите вашата работа и едвај чекате да дојде крајот на работното време. За време на паузите за ручек вие барате понуди за друга работа. Наместо да ги завршувате работните задачи, повеќето од времето го поминувате во сурфање по интернет и одржување на вашиот профил на „Linkedln“ и останатите мрежи за вработување. Вие живеете од ден за ден, наоѓате утеха во јогата, медитацијата, кафето или инспиративните цитати. Повремено си дозволувате да плачете во тоалетот на работа, но потоа брзо се соземате и се однесувате како ништо да не се случило.

6. Фотографии од мачки

Вас ве гледаат како чудакот во канцеларијата кој зборува со јазикот на интернетот и ги информира сите за новостите од Инстаграм профилите на славните ѕвезди. Најверојатно работите со социјални медиуми или во компанија која се занимава со други видови маркетинг каде што можете да бидете колку сакате почудни и да го наречете тоа „добро завршена работа“. Вие сакате впечатливи ѓердани, шарени хулахопки, како и да гледате како колегите ве потценуваат само затоа што носите женствени фустани. Никој вас не ве смета за закана, па токму затоа тајно водите преговори со шефот за зголемување на вашата плата без колегите да го знаат тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар