Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени

Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени

Сите сакаме да веруваме дека објектите со храна и пијалаци во кои често го минуваме времето се чисти. Но никогаш не можеме да бидеме сигурни дека сè што консумираме таму е без бактерии. Ова не значи дека треба да се откажете од јадењето и пиењето надвор, туку добро е да знаете кои се пијалаците кои не би требало да ги порачувате, со цел да го избегнете ризичниот контакт со бактериите.

Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени

Едно истражување покажало дека пијалакот кој сите најчесто го порачуваме, всушност крие најмногу бактерии. Станува збор за чаша вода или газиран сок со парче лимон.

Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70%, односно 53 од парчињата биле заразени со бактерии. Иако истражувањето е навистина мало, и самите можете да забележите дека парчето лимон е однапред исечено. Овие парчиња овошје се чуваат во пластични садови на собна температура, што е одлична средина за развој на бактерии.

Истражувањето не го открило изворот на овие бактерии, но резултатите покажале дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалаци.

Погледнете и кои се бактериите и вирусите што можете да ги „закачите“ од тоалетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар