Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени - Part 2

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

11. Атмосферата околу Сонцето е пожешка отколку самото Сонце

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Атмосферата на Сонцето, или короната, е околу 600 пати пожешка од површината на Сонцето. Сè уште се истражува зошто е тоа така.

12. Може да „врнат“ животни

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Звучи неверојатно, но животните всушност можат да паѓаат од небото. Водечката теорија која го поддржува ова тврдење вели дека животните можат да се вовлечат од циклони и да се исфрлат на друго место. Оваа слика покажува риби кои паѓаат од небото, што се има случено во Сингапур во 1861 година.

13. Земјата ја дели орбитата

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Објект по име 2010 ТК7 ја следи Земјата на нејзиниот пат околу Сонцето по истата орбитална патека. Овој објект е познат како „тројанец“ и колку што е познато е единствениот кој кружи околу Сонцето заедно со Земјата. Не е месечина, затоа што месечината би орбитирала околу планетата, не околу сонцето.

14. Постои езеро кое постојано привлекува громови

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Езерото Маракаибо во Венецуела постојано привлекува громови. Не се знае зошто, но изгледа дека воздушните струи во комбинација со локалната топографија влијаат на оваа необична состојба.

15. Постои објект во нашиот сончев систем кој изгледа вака

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Оваа издолжена џуџе-планета, овде прикажана во три состојби, е наречена Хаумеа и го добива овој облик поради тоа што многу бргу се врти. Овие брзи вртења предизвикуваат таа постојано да се изобличува.

16. Коалите се чудни

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Машката коала има два пениси, а женската три вагини. Никогаш не се знае колку полови органи може да ти затребаат, нели!? 🙂

17. Русија е поголема од Плутон

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Површината на Русија изнесува 17.093.934километри квадратни, додека површината на Плутон изнесува само 16.575.936 километри квадратни.

18. Јастозите живеат долго

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Јастозите умираат од исцрпеност за време на обновувањето на надворешната обвивка, ако се изедени или повредени. Тие можат да живеат до 70 години без да покажат знаци на старост и навидум можат така засекогаш доколку не се соочат со некој од овие три фактори.

19. Моќта на молњата може да се спореди со енергијата потребна за подготовка на тост

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Еден гром молња има доволно моќ за да испече 100.000 парчиња леб.

20. За малку ќе постоела втора Земја

Овие научни факти ќе ве остават тотално зачудени

Глизе 581ц некое време се сметала за „втора Земја“, но новите истражувања покажале дека не би била погодна за живот за луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар