Оваа жена штитела 97 кучиња во својот дом на Бахамите додека ураганот Дориан беснеел надвор

Ураганот Дориан сè уште беснее над Бахамите, оставајќи патека од екстремна штета зад себе. Досега петмина го изгубија својот живот во бурата, а десетици илјади се без кров над главата, со 13.000 домови уништени. Ова е трагедија од епски пропорции за малата карипска нација, трагедија од која многу години ќе бидат потребни за да оздрават.

И покрај целото тоа страдање, животните се најчесто заборавени. Меѓу нив спаѓаат безгласните кучиња на Насау, кои немаат безбедно место на кое би можеле да се скријат. Единственото нешто што тие го имаат е домот на Чела Филипс, која ги отворила своите врати за кучињата скитници од околината. Таа не е поврзана со ниту една организација, туку била водена од својата љубов за бездомните кучиња.

Па, наместо да ги остави на улица, да се соочат со ураганот сами, таа земала колку што е можно повеќе и ги внела во својата куќа. Досега таа има 97 крзнени пријателчиња од сите големини и форми. Погледнете!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар