Откријте колку животи сте живееле досега

Откријте колку животи сте живееле досега

Нумерологијата е наука за броеви која ни дава различни интерпретации на патиштата и околностите кои нè опкружуваат во секојдневниот живот. Секој број е поврзан со различна планеа во нашиот Сончев систем и може да се поврзе со броевите од 1 до 9, како и со мастер броевите 11 и 22. Со помош на вашиот роденден, вие можете да откриете колку животи сте живееле досега. Сè што треба да направите е да одговорите на следниве неколку прашања.

Откријте колку животи сте живееле досега

Започнете со вашиот месец на раѓање. Ако тој е со едноцифрен број, како мај (5), тогаш запомнете го или запишете го тој број. Ако вашиот месец е со двоцифрен број, како декември ноември (12), соберете ги двата броја за да добиете едноцифрен број (1+1=2). Запомнете го или запишете го овој број.

Преминете на денот кога сте биле родени. Ако сте се родиле на ден со едноцифрен број, како на пример 7, тогаш запомнете го или запишете го тој број. Ако сте се родиле на ден со двоцифрен број, како на пример, 26, соберете ги овие бројки за да добиете едноцифрен број (2+6=8). Не заборавајте го бројот.

Да продолжиме кон годината на раѓање. Да претпоставиме дека сте биле родени во 1989 година. Соберете ги сите броеви од годината (1+9+8+9=27). Запомнете го или запишете го и овој број.

Сега, потсетете се на сите броеви. Според примерот по кој се водевме тука, можеме да ги извлечеме следниве броеви:

Месец на раѓање (5)

Ден на раѓање (8)

Година на раѓање (27)

За крај, соберете ги сите три заедно (5+8+27=40). Ако вашиот број завршил со 11, 22 или кој било број помеѓу 1 и 9, тогаш тоа е бројот кој го барате. Ако добивте двоцифрен број како во овој случај, собирајте ги броевите додека не добиете еден од потребните. Во нашиот случај, тоа би било 4. Тоа значи и 4 животи досега.

Значење на броевите:

1. Алфа – Независност, фокус, бунтување

2. Миротворец – Тимски играч, амбициозност, поддршка

3. Креативна личност – Природна способност за забавување, инспирирање и оптимизам

4. Практичен – Правда, искреност, релијабилност

5. Слободен дух – Љубопитност, истражување, авантура

6. Сочувствителна душа – Заштита, хуманитарност, помош

7. Трагач на вистината – Потреба да се откријат непознатите одговори во светот

8. Лидер – Визија, користење на можностите, успех

9. Социјално свесен – Поглед кон поголемата слика, жртва за доброто на човештвото

Значење на мастер броевите:

11. Мастер на кармата – Силна интуиција, артистичка душа, инспирација

22. Мастер градител – Способност за обединување различни души кон иста цел


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар