Откријте ја својата нумеролошка тајна за витка фигура

Кој би можел да помисли дека по датумот на раѓање може да се предвиди нечија фигура, односно како ќе изгледа личноста? За тоа можете да се послужите со нумерологијата. Соберете го денот, месецот и годината на вашето раѓање и бројот што ќе го добиете е вашиот нумеролошки број.

Откријте ја својата нумеролошка тајна за витка фигура

На пример, за датумот 04.09.1991 година, нумеролошкиот број би го добиле на следниов начин:

0 + 4 + 0 + 9 + 1 + 9 + 9 + 1 = 33 = 3 + 3 = 6

Водете се по овој пример, па откако ќе го пресметате вашиот, погледнете што има тој да ви каже.

Број 1

Овие личности најчесто водат многу раздвижен начин на живот и ретко страдаат од прекумерна тежина. Динамиката им носи витка и затегната фигура.

Број 2

Овој вид личности имаат тенденција кон дебелеење и често водат диети. Но, треба многу да внимавате бидејќи не смеете да дозволите да гладувате. Наместо тоа, треба да им дадете предност на растителната храна и физичките активности.

Број 3

Овие луѓе имаат склоност кон непотребни грижи. Сите знаат дека штом има тежина на душата, има тежина и на телото. Обидете се да се ослободите од товарот на негативните емоции и ќе изгледате сѐ подобро и подобро.

Број 4

На овие луѓе им се препорачува практикување на омилените активности. Отсуството на задоволство од работата може да предизвика силно чувство на глад. Како резултат на тоа, телото почнува да складира вишок масти.

Откријте ја својата нумеролошка тајна за витка фигура

Број 5

Видот на фигурата на овие личности секогаш зависи од нивната животна позиција. Оптимистите ќе имаат витка линија. Живејте го животот со полни гради и вашето тело повеќе нема да собира вишок тежина.

Број 6

Овие луѓе често имаат пропорционална фигура. За чување на убавите облини доволно е да се храните рационално.

Број 7

На овие личности многу им е важно да одржуваат добри односи со партнерот. Често поради проблеми во врската (бракот), може да се соочат со прекумерна тежина.

Број 8

На овие личности многу им е важно да научат да простат. Прекумерната лутина може да се одрази на вишок килограми.

Број 9

Овој вид луѓе се многу склони кон дебелеење, а намалувањето на вишокот килограми не им е лесно.

Откријте ја својата нумеролошка тајна за витка фигура


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар