Оптичка илузија: Малкумина можат на оваа слика да забележат 16 кругови!

Кога ќе ја погледнете сликата што прво забележувате? Линии и квадрати? Но дали можете да ги видите и 16-те кругови? Иако можеби ви звучи лудо, круговите навистина се овде.

optichka-iluzija-na-ovaa-slika-ima-16-krugovi-kafepauza.mk

Оваа илузија е наречена Коферова илузија и била финалист во натпреварот за најдобра илузија на годината, во 2006 година. Креирана е од Антони Норсија кој ја крстил по архитектонскиот термин кој означува серија од длабнати плочи во разни форми.

Светот е полн со илузии и работи кои не се секогаш онака како што изгледаат. Нашиот ум постојано се обидува да им даде смисла на работите околу нас и преработува многу информации во секоја секунда користејќи скратени патчиња. Токму овие скратени патчиња може да направат грешка и поради неа да испуштиме некоја важна информација. Таков е случајот и со оваа илузија. Кога ќе знаете што барате, ќе ви биде многу полесно да ги пронајдете круговите.

Погледнете ја и најпознатата оптичка илузија на светот која може да ви каже неколку работи за вас.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар