Одберете срце и дознајте како да го победите негативното влијание од претходниот живот

Одберете срце и дознајте како да го победите негативното влијание од претходниот живот

Ако постојано запаѓате во истите обрасци на однесување во врските, тогаш постојат големи шанси проблемите да ви се врзани со искуството од претходниот живот. Тоа има големо влијание на нас, па затоа и постојано ни е потребно исцелување на нашата душа. Па, ако сметате дека сте западнале во бескраен круг на лоши врски, одберете едно од овие срца и дознајте што треба да направите за конечно да се ослободите.

Првото срце: Немате доверба во другите

Во минатиот живот сте биле успешни и богати, па другите често знаеле да ве лажат и да ве искористуваат до тој степен што сте западнале во сиромаштија и беда. Луѓето со кои сте биле опкружени ја искористиле вашата добрина и на крајот не ви оставиле ништо. Затоа и денес ви е тешко да им верувате на другите дека се искрени.

Тоа ви создава сомнеж и во самите љубовни врски, бидејќи постојано се прашувате кои се вистинските мотиви на другата личност. Иако е мудро да не верувате во тоа што ќе го чуете, доаѓа време кога е нездраво да бидете премногу сомнителни бидејќи би можеле да останете сами до крајот на животот.

Работете на овој предизвик во односите и престанете да ги осудувате сите постојано.

Второто срце: Не поставувате цврсти граници

Дали сте забележале како луѓето понекогаш ги поместуваат вашите граници и земаат повеќе од она што е договорено? Еден од вашите најголеми предизвици во врските е учењето како да останете силни во своите ставови. Мора да научите како да кажувате „не“!

Во минатиот живот сте биле толку гладни за внимание и одобрување што на сите сте им велеле „да“. Ова се случувало до тој степен што сте го изгубиле својот идентитет.

Предизвик ви е да поставите цврсти граници. Можеби на другите ова нема да им се допаѓа, но ако не почнете да го правите вие постојано ќе ја жртвувате својата добросостојба. Со текот на времето ќе престанете да чувствувате вина затоа што не велите постојано „да“ и ќе почнете да имате мир во животот.

Третото срце: Се плашите од одење напред

Во овој живот многу ви е тешко да ги раскинете односите со токсичните луѓе и ситуации. Оваа борба ве следи од претходниот живот кога луѓето биле ненадејно отстраните од вашиот живот, без претходно известување – смрт, болест, војска, неверство…

Во тој живот сте биле многу осамени, па во овој ви недостасуваат здрави, топли и урамнотежени односи. Затоа и треба да излезете од хаосот и токсичноста.

Ако не сте среќни во некоја ситуација или во одреден однос, тогаш треба да се оттргнете од таму и да продолжите понатаму. Дајте си малку време да заздравите а потоа отворете го вашето срце бидејќи ве чека многу радост пред вас!

Одберете го срцето што најмногу ви се допаѓа, кликнете на него и откријте ги вашите љубовни тајни


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар