Одберете ја позата што ви делува најудобно и ќе ви откриеме каква самодоверба имате

Можеби не сте знаеле, но постојат повеќе типови самодоверба кои во голема мера можат да го определат развојот на вашата кариера и изборот на професија. Доколку сакате да дознаете каква е вашата самодоверба, погледнете ја сликата и одберете ја позата што ви делува најудобно. Откако ќе одберете, прочитајте ги резултатите кои можеби ќе ве изненадат…

Одберете ја позата што ви делува најудобно и ќе ви откриеме каква самодоверба имате

ПОЗА БРОЈ 1

Имате самодоверба на ментор!

Начинот на кој го држите зглобот покажува дека имате голема самодоверба во ситуации каде што сте еден на еден. Повеќе сакате да водите мали групи отколку големи. Ви се допаѓа кога луѓето ве слушаат, но го цените туѓото мислење. Сакате да решавате проблеми и да им помогнете на што е можно повеќе луѓе. Не е никакво изненадување тоа што имате улога на ментори на кои останатите им се восхитуваат.

ПОЗА БРОЈ 2

Имате пријателска самодоверба!

Начинот на кој ја држите раката покажува дека уживате во односите и работата со колегите кои ги почитувате и кои ве почитуваат вас. Знаете дека врските се двонасочна улица и немате време за луѓето кои не го возвраќаат она што го добиваат. Не можете да ги поднесете непријатните луѓе. Претпочитате да поминувате време со поединци кои секогаш го кажуваат она што го мислат и никогаш не ја заобиколуваат вистината. Многу се фрустрирате кога луѓето ве лажат во лице. Ваков карактер имаат милионерите и луѓето на висока функција.

ПОЗА БРОЈ 3

Имате харизматична самодоверба!

Начинот на кој ја држите раката зад грбот покажува дека сте харизматични водачи. Не ги гледате другите од високо и никому не сте љубоморни. Знаете дека во животот секогаш ќе постојат препреки, па затоа сакате да им помагате на луѓето. Останатите ви се восхитуваат поради вашата љубезност, великодушност и грижливост. Патот до успехот нема да ви биде толку долг! Ваков карактер имаат луѓето на високи позиции, како што се главните извршни директори и слично.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за себе, одберете како би ја носеле чантата и откријте ја вистината за вашиот карактер.

(1) Интересен тест што ќе ја открие вистината за вашиот карактер

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар