Одберете ја омилената карта и добијте порака за мир и хармонија во вашиот живот

Одберете ја омилената карта и добијте порака за мир и хармонија во вашиот живот

Брзо погледнете ги овие 4 карти и дозволете ѝ на вашата потсвест да си ја одбере омилената. Немојте да одберете само колку да го направите изборот, туку фокусирајте се на онаа што најмногу ви се допаѓа бидејќи само така пораката што ќе ја прочитате може да ви донесе мир и хармонија во вашиот живот. Подготвени?

Одберете ја омилената карта и добијте порака за мир и хармонија во вашиот живот

1. Карта на радоста и надежта

Оваа карта пристигнува во вашиот живот со цел да ви најави доаѓање на промени. Сè што ви се случило досега, се случило затоа што сте требале да научите нешто, да пораснете и да станете посилни. Сега е време да се соочите со сонцето, секојдневно да верувате дека најдоброто допрва доаѓа и да го живеете животот во надеж – бидејќи вашето време за сјаење само што не почнало! Набрзо ќе можете да ги надминете сите граници и да го постигнете невозможното, она што отсекогаш сте сакале да го направите, но никогаш не сте имале храброст да го пробате.

2. Карта на мирот

Оваа карта пристигнува во вашиот живот за да ве потсети дека не сте одговорни за сè што се случува во вашиот живот, но дека сте целосно одговорни за ставот што го заземате пред тоа што ви се случува. Лутината и бесот не се добри советници. Запомнете дека во вашата природа е да бидете мудри, па не го стишувајте мудриот глас во себе. Време е да ја преземете контролата над својот живот, како и над своите одлуки и реакции. Научете како да се соочите со лутината во љубовта, како да ја победите тврдоглавоста со добри аргументи и ќе видите како автоматски ќе станете посреќни.

3. Карта на искреноста и одговорноста

Оваа карта пристигнува во вашиот живот за да ве натера да се запрашате кога последен пат сте го дале најдоброто од себе. Што правите денес за утре да стигнете онаму каде што сакате да бидете? Што можете да направите уште веднаш за да бидете најдобрата верзија од себе? Вие сте личност што е природно создадена за правење прекрасни работи и не смеете да заборавите дека вашата судбина е во вашите раце. Секојдневно бидете најсилни што можете, обидете се да дадете сè од себе и ќе се претворите во моќна сила што ништо не може да ја сопре.

4. Карта на мечтаењето и новите можности

Оваа карта пристигнува во вашиот живот со цел да ви предложи да го погледнете животот со нови очи, со очи на љубопитно дете што е изненадено од шарена пеперутка или сино небо. Сите ние брзаме низ животот и ги пропуштаме прекрасните нешта што секојдневно ни се случуваат, а на тој начин ги губиме и пораките што ни биле испратени. Ќе се појават нови и прекрасни шанси за вас ако им дозволите. Време е да почнете да ги забележувате знаците околу вас, бидејќи животот никогаш нема да престане да ви зборува што навистина ви е потребно.

Одберете и една карта од овие карти, кликнете на неа и добијте порака за подобра иднина!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар