Одберете го начинот на кој стоите и дознајте што им кажува тоа на луѓето околу вас

Одберете го начинот на кој стоите и дознајте што им кажува тоа на луѓето околу вас

Говорот на телото е невербален начин на комуникација што открива многу за нашето мислење, расположение и карактер, без воопшто да отвориме уста. Сè што правиме, почнувајќи од држењето на телото, па сè до најсуптилните гестови открива нешто детално за нас. Ако знаете што барате, вие можете да добиете јасна претстава за нечиј карактер, дури и ако воопшто не го познавате. Исто така можете да го контролирате и тоа што им го покажувате на луѓето околу вас. Погледнете како…

Паралелен став

Паралелниот став се карактеризира со нозе што стојат право, близу и паралелно едни до други. Ако имате вакво држење на телото, вие изгледате високо, исправено и го држите грбот прав.

Оваа позиција е типична за луѓе што очекуваат некаков вид команда. Замислете ги војниците што разговараат со надредените и учениците што разговараат со професорите и ќе ви биде јасно какво чувство предизвикува ова држење на телото. Станува збор за неутрален став. Наведнувањето нанапред или наназад значи непријателство или отпор, но најчесто се работи за личност што се двоуми дали нешто да направи. Ако притоа и нозете ви се вкрстени, тогаш давате впечаток на срамежлива и несигурна личност.

Раширени нозе

Ова држење на телото се карактеризира со исправена позиција, гради исфрлени нанапред и раширени нозе. Рацете можат да бидат скриени зад грб, далеку од погледот на соговорникот.

Оваа позиција најчесто може да се забележи кај мажите и тоа е невербален начин да ја покажат својата надмоќ. Во суштина ја користат луѓето што сакаат да остават впечаток на цврсти и сигурни личности. Кога станува збор за жените, тие ја заземаат оваа позиција кога сакаат да покажат доминација над мажите.

Стапало вперено кон напред

Ова држење на телото се карактеризира со префрлање на тежината на една нога, додека другата е поместена кон напред. Горниот дел од телото може да биде отворен или затворен со вкрстени раце, но концентрацијата е на долниот дел од телото, односно на внатрешниот дел од нозете.

Луѓето што стојат на овој начин најчесто се опуштени, задоволни и самоуверени. Тие се сигурни во себе и знаат колку вредат. Добро се согласуваат со другите луѓе и лесно се снаоѓаат во сите ситуации. Но, и правецот на стапалото може да ви открие многу нешта. Ако стапалото е насочено кон одредена личност, тоа укажува интерес за неа. Ако е свртено во спротивна насока од соговорникот – вие едвај чекате да си одите.

Вкрстени нозе

Ова држење на телото се карактеризира со една нога префрлена преку другата. Тежината на телото не е рамномерно распоредена и може да открива личност што сака да привлекува внимание (ако е навалена кон напред) или внимателна личност (ако е навалена кон назад).

Најчесто жените стојат во оваа позиција и тоа укажува на фактот дека не одат никаде и дека уживаат во моментот со соговорникот. Кога мажите ќе застанат на овој начин, тоа значи дека заземаат цврст став за ситуацијата во која се наоѓаат. Од друга страна пак, ако не сакате некој да влегува во вашиот личен простор, ова е позицијата што веднаш ќе ја заземете.

Изберете го најсреќниот пар според вас и откријте нешто за вашата љубовна врска!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар