Одберете еден алхемиски симбол и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата

Одберете еден алхемиски симбол и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата

Дали сте имале некакви проблеми изминатиов период? Дали се обидувате да откриете што треба да направите за да напредувате во животот? Следниов забавен тест ќе ви открие точно како стојат работите. Разгледајте ги овие алхемиски симболи и одберете го оној што најмногу ве привлекува. Одбравте? Продолжете понатаму и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата…

Одберете еден алхемиски симбол и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата

1. Лав

Доколку го одбравте овој симбол, тоа значи дека имате потреба да преземете контрола врз својата судбина. Лавот е симбол на сонцето. Овој избор укажува на тоа дека правите сѐ што можете за да живеете квалитетно, но сепак се чувствувате заробено и не можете да продолжувате понатаму. Ве загрижуваат прашања од типот „Дали сте го направиле вистинскиот избор?“ и „Дали можеби требало да го одберете другиот пат?“. Мора да прифатите дека вашиот живот е токму таков каков што треба да биде. Кога ќе се помирите со тоа, ќе ви се отворат многу други можности. Сите ваши досегашни избори се направени со причина и вие мора да го прифатите тоа сознание.

2. Песочен часовник

Доколку го одбравте песочниот часовник, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Свртени сте кон минатото и болните искуства кои не ви дозволуваат да се движите напред. Се чувствувате како да се давите, немате енергија и сте се помириле со фактот дека животот не е лесен и убав. Би требало да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете многу посилни за разлика од претходно, бидејќи сите трагедии се лекции кои ќе ви послужат во иднина. Живејте во сегашноста. Кога ќе научите како да го правите тоа, времето ќе стане ваш пријател.

3. Месечина

Доколку го одбравте овој симбол, тоа значи дека вашето срце моментално е како воено поле. Нешто силно и длабоко во вас не ви дозволува да имате мирен сон. Дали се работи за мрзеливост, лутина или страст? На вашиот дух му треба мир, а за тоа потребно е да ги искажете вашите емоции искрено и отворено. Признајте си себеси и на другите како се чувствувате. Кога не се скриени, емоциите не можат да ве изедат, а нивното потиснување секогаш прави поголема штета отколку корист.

4. Клуч

Доколку сте го одбрале клучот, тоа значи дека на вашиот дух очајно му требаат одговори. Сето она во коешто сте верувале одеднаш е ставено под знак прашалник. Можно е да сте се измориле од потрагата за вистина и точни одговори. Можеби сето тоа ви станало здодевно. Време е да ја осознаете другата страна на животот преку нови авантури. Наскоро ќе ви се случи нешто што ќе ви помогне да го пребродите моменталниот период. Неопходно е да отпатувате некаде, барем на еден ден.

5. Дланка

Доколку го одбравте овој древен симбол, тоа значи дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух се обидува да се ослободи од овие влијанија и ако забележувате дека ви се случуваат чудни работи, тоа значи дека нешто однатре се обидува да ве предупреди за ситуацијата. Интересно е тоа што отсекогаш сме биле заробени од страна на злите сили, но секогаш имаме избор да се ослободиме од нив. За да се ослободите, потребно е да си простите прво себеси, а потоа и на другите. Најдете време за одмор и за луѓето кои ги сакате.

Расположени сте за уште еден забавен тест? Одберете еден африкански симбол и откријте ја вашата животна цел.

Одберете еден африкански духовен симбол и откријте ја вашата животна цел


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар