Очекувате бебе? Што мислите за овие имиња што во превод значат чудо?

Секој нов живот на некој начин е чудо, а некои родители тоа го слават така што му даваат на своето дете име што значи „чудо“. Доколку и вие имате ваква желба, погледнете ги следниве прекрасни имиња за момчиња и девојчиња кои иако не се толку чести кај нас, сепак лесно можат да се прилагодат и за нашите краишта.

1. Арон

Ова е прекрасно име за момчиња што потекнува од Библијата. Арон бил постариот брат на Мојсеј и чувар на Божјите заповеди. Неговото име во превод значело чудесен.

2. Ива

Ива е едно од најчестите имиња во Македонија, но и едно од најпопуларните пократки женски имиња. Во превод тоа значи дека Бог е милослив или дар од Бог, што може да се протолкува и како чудо.

3. Доротеа

Ова женско име има грчко потекло и исто значење како Теодора, односно божји дар. И двете имиња во основа настанале од истите зборови – теос, што во превод значи Бог и дорон, што значи дар. Останатите облици на ова име се Дора, Дорја и Доротеја.

4. Матеј

Матеј е класично име што ни во Македонија не ја губи својата популарност. Значењето на ова име е од грчко потекло и настанало од грчкиот збор матиас што истп така значи божји дар. Останатите облици на ова име се Мате, Матко, Матеја, Матео, Матија и Матеа.

5. Мира

Постојат многу различни начини да се толкува ова име, но се верува дека тоа најверојатно настанало од зборот мир. Познато е и мислењето дека Мира е верзија од Мирела. Според латинските толкувања, Мира значи прекрасна. Во англискиот јазик тоа може да биде и кратенка од зборот миракл што во превод значи чудо.

6. Микел(а)

Ова е една поуникатна верзија на името Михаел. Машката верзија е Микел, а женската Микела.

7. Милагро(с)

Името кое на многумина ќе им звучи познато од шпанските ТВ серии е многу популарно за таа област. Милагро е машката верзија, а Милагрос е женската, а во превод и двете значат чудо.

8. Амари

Силно, а сепак женствено име што не е лесно да се заборави. Може да се изговори на два начина, зависно од тоа дали акцентот е на почетната буква или на последната. И во двете верзии звучи прекрасно. Запчењето на името е чудо божјо.

9. Лорето

Ова италијанско име значи благослов или чудо и се користи уште од 16-от век.

10. Каришма

Ова чудесно име потсетува на зборот каризма, а ни доаѓа од женското индиско име што во превод исто така значи чудо.

Не ви се допаднаа овие имиња? Погледнете ги и овие популарни латински женски имиња со силно значење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар