Обликот на дланките ви ја открива судбината што ви била одредена уште пред раѓањето

Обликот на дланките ви ја открива судбината што ви била одредена уште пред раѓањето

Уметноста на читање од дланки одамна претставува начин да се одреди нечија иднина. Гледањето во дланките, особено анализирањето на нивниот облик, е еден од примарните начини да утврдите нечии особини и главни карактерни црти. И покрај тоа што секој од нас има мноштво особини што нè прават поразлични од кој било друг на планетава, сепак сите луѓе можат да се сместат во следниве 5 категории. Тие се поклопуваат со 5-те основни елементи, а тоа се: земја, оган, вода, дрво и метал.

Земјени дланки

(1) oblikot-na-dlankite-vi-ja-otkriva-sudbinata-shto-vi-bila-odredena-ushte-pred-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

Овие луѓе имаат дебели дланки и дебели прсти. Коренот на нивниот палец е исто така доста широк, како и самиот зглоб. Тие имаат и многу погруба кожа во однос на останатите.

Тие се скромни, пристојни и по природа многу приземјени. Посветени се на своите корени и без разлика колку успешни ќе станат, никогаш нема да заборават од каде потекнуваат. Тие исто така се и многу работливи, имаат добри манири и топли срца. Весели се, слатки и забавни.

Овие луѓе многу лесно се заљубуваат. Најчесто размислуваат со срцето и се екстремно сентиментални. Љубат безусловно и секогаш се подготвени да помогнат. Ако скромноста го опишува тоа што се, несебичност говори за нивните постапки.

Огнени дланки

(2) oblikot-na-dlankite-vi-ja-otkriva-sudbinata-shto-vi-bila-odredena-ushte-pred-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

На овие луѓе дланката им е значително подолга од самите прсти. Нивните нокти најчесто се остри, а заноктиците јасно дефинирани.

Луѓето со огнени дланки се исклучително посветени, одлучни и итри во размислувањето. Водат сметка за околината и нивниот ум е секогаш зафатен. Многу се активни и зрачат со заразна енергија. Секогаш знаат што сакаат, а што не сакаат во својот живот.

Многу брзо носат одлуки, но тоа не значи дека се брзоплети туку дека се свесни за себе. Нивните одлуки се промислени и секогаш правилно одбрани. Со оглед на тоа што не сакаат да трошат енергија на оние што не им се важни, тие имаат мал број пријатели. Исто така тешко се заљубуваат и многу се пребирливи во љубовта.

Водени дланки

(3) oblikot-na-dlankite-vi-ja-otkriva-sudbinata-shto-vi-bila-odredena-ushte-pred-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

На овие луѓе дланките им се или со иста должина со прстите или прстите можат да им бидат малку пократки. Ноктите најчесто им се долги, без јасно дефинирани заноктици. Имаат округли отпечатоци.

Тие се исклучително талентирани поединци што одлично се снаоѓаат во сите ситуации. Многу се темелни и суптилни. Скромни се, внимателни и одлично чуваат тајни.

Покрај тоа, тие се и многу вредни и промислени. Затоа и не се склони на осудување и одлично ги прифаќаат другите луѓе. Ги прифаќаат сите разлики без жалење. Ги ценат врските што ги имаат и можат да отидат многу далеку за да го зачуваат она што им припаѓа. Во љубовта се многу грижливи, но никогаш себични – што е редок квалитет.

Дрвени дланки

(4) oblikot-na-dlankite-vi-ja-otkriva-sudbinata-shto-vi-bila-odredena-ushte-pred-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

Овие луѓе имаат долги, слаби и ковчести дланки. Нивните зглобови се јасно дефинирани, а коските им се тенки.

Тие се многу креативни. Нивниот ум е богат извор и сè што создаваат е креативно и уметнички. Со оглед на тоа што се многу големи мечтатели, тие често живеат во свој свет и доволни си се самите на себе. Тоа значи и дека не се заљубуваат често, но штом им се случи тоа, премногу се врзуваат.

Многу се емотивни и чувствата им играат голема улога во нивната креативност. Умеат да бидат непредвидливи, но исто така се и топли, љубезни и по малку затворени. Немаат многу луѓе покрај себе, но тие што се впуштаат во нивниот живот се многу посебни за нив.

Метални дланки

(5) oblikot-na-dlankite-vi-ja-otkriva-sudbinata-shto-vi-bila-odredena-ushte-pred-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

Овие луѓе имаат четвртести дланки, прсти и нокти. Нивната кожа е мека, а дланките им се месести и еластични.

Луѓето со овие дланки имаат изразени лидерски и логички вештини. Тие бараат образложување пред секоја одлука. Водат по свој пример и секогаш се залагаат за еднаквост. Не дозволуваат предрасудите да им застанат на патот и остануваат мирни под притисок.

Тие се заљубуваат во квалитетите на својот партнер и затоа не им влијаат површни нешта. Знаат од што се создадени и што сакаат, а што не сакаат. Многу се свесни за себе и се од оној вид луѓе што можат да постигнат многу нешта истовремено, притоа не газејќи никого.

Обликот на вашите прсти отсликува и интимни аспекти од вашиот карактер!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар