Новите истражувања покажуваат дека Амелија Ерхарт ја преживеала авионската несреќа

Новите истражувања покажуваат дека Амелија Ерхарт ја преживеала авионската несреќа

Приказната за Амелија Ерхарт отсекогаш инспирирала чувство за мистерија. Што точно се случило со пилотката која била првата жена што го прелетала Атлантскиот океан и која планирала храбро да го прелета целиот свет? Зошто нејзиниот авион се срушил? И како таа умрела?

(2) Новите истражувања покажуваат дека Амелија Ерхарт ја преживеала авионската несреќа

Со години луѓето претпоставувале дека таа умрела во авионската несреќа, но нови докази покажуваат дека таа живеела на напуштен остров, сама, со недели, можеби дури и месеци додека чекала да биде спасена. Според оваа нова теорија претставена од Интернационалната група за пронаоѓање историски авиони (International Group for Historic Aircraft Recovery – TIGHAR), скелетот што бил пронајден на Никумароро, Кирибати во 1940-та година, има големи шанси да ѝ припаѓа на Ерхарт. Оваа теорија се обидуваат да ја докажат од 1998 година.

„Пред да почнеме да го испитуваме скелетот, откривме што вели историјата за смртта на Амелија Ерхарт. Според најголем број записи, таа умрела на 2 јули 1937 година, во авионска несреќа. Но, постои уште едно цело поглавје од животот на Ерхарт што луѓето не го знаат. Таа поминала денови, можеби дури и месеци, херојски борејќи се да преживее на пуст остров“, објаснува Рик Гилеспи, извршниот директор на TIGHAR.

Најпрво се мислело дека откриениот скелет припаѓал на маж, но оваа група ги зеле оригиналните записи, заедно со сите податоци за скелетот што биле направени во 1940 година и ги одвеле на тестирање кај форензичките антрополози Карен Бурс и Ричард Џанс.

Тие тврдат дека коските, од форензичка гледна точка, припаѓаат на жена со висината и етничката припадност на Ерхарт. Но, кога ги надополниле информациите, тие забележале и нешто интересно со рацете на скелетот. За жена со европско потекло, тие биле неверојатно долги. А Амелија Ерхарт имала неверојатно долги раце! Научниците ја пронашле оваа фотографија и ја споредиле должината со рацете на скелетот – тие совршено се поклопувале.

(3) Новите истражувања покажуваат дека Амелија Ерхарт ја преживеала авионската несреќа

Ерхарт направила повеќе од 100 радио трансмисии помеѓу 2-ри и 6-ти јули во 1937 година, па затоа и се верува дека нејзиниот авион сè уште бил оперативен за време на овие денови, бидејќи радиот не може да работи ако моторот не е вклучен.

„Постојат историски документи кои докажуваат дека официјалните авиокомпании добиле радио повици за помош во 1937 година. Ако ги погледнете новините од тоа време, ќе забележите дека луѓето верувале дека таа е сè уште жива. Откако се испратиле авиони за спасување во насока кон островите од каде што доаѓале повиците за помош, и тие не забележале авион, дури тогаш потрагата се насочила кон океанот“, објаснува Гилеспи.

Додека стигнала помошта, се верува дека нејзиниот авион веќе бил повлечен од океанот. Гилеспи бил уверен дека Ерхарт живеела одредено време на островот. Каде што бил пронајде скелетот, таму имало и докази за оган како и коски од риби и птици. Коските сугерираат дека таа живеела со недели или месеци, сама на островот.

Од друга страна пак, се верува дека нејзиниот навигатор, Фредерик Џ. Нунан умрел по падот на авионот и бил повлечен во океанот. Неговите повреди биле вклучени во првиот повик за помош.

„Ние веруваме дека таа херојски преживеала и успеала да го продолжи својот живот за одредено време во ужасни услови. Историјата мора да почне да ја раскажува нејзината приказна правилно!“, завршува Гилеспи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар