Новинар проучил повеќе од 500 милионери и дошол до интересни заклучоци

Пред околу 80 години, новинарот Наполеон Хил ги проучувал и споредувал животите на повеќе од 500 најбогати и најуспешни бизнисмени во Америка. Резултатите од истражувањето ги опишал во неговиот бестселер „Мисли и збогати се“ (Think and Grow Rich), каде навел и 13 принципи што можат да доведат до богатство.

Новинар проучил повеќе од 500 милионери и дошол до интересни заклучоци

Неговиот 10-ти принцип се вика „Мистеријата на трансмутацијата на сексот“. Според овој принцип, љубовта и страста се клучните елементи од кои зависи богатството и успехот.

„Страста е најмоќната човечка сила. Мажите кои ги имаат најголемите достигнувања се мажи со високо развиена способност да љубат… Мажите кои стекнале големи богатства биле мотивирани од влијанието на жената“, напишал Хил.

Дури и денес, речиси половина век подоцна, постојат луѓе кои го делат истото мислење.

„Најважниот избор во кариерата што ќе го направите е изборот на сопружник“, изјавила Шерил Сандберг, извршна директорка на Фејсбук чие богатство вреди над милијарда долари.

Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Вашингтон, доколку имате совесен партнер кој секогаш ќе ви овозможува поддршка, ќе имате и поголеми шанси да добивате повисока плата.

„Кај вработениот кој има многу совесен сопружник постојат 50% поголеми шанси да добие унапредување, за разлика од вработениот чиј сопружник воопшто не е совесен“, објаснил еден од авторите на истражувањето.

Совесните и мудри партнери им даваат дозвола на нивните сакани да се фокусираат на кариерата. Освен тоа, луѓето во среќен брак се чувствуваат поопуштено кога се дома, а тоа им овозможува да бидат поенергични и покреативни на работа.

И покрај тоа што Хил анализирал само богати мажи и тоа што го пишувал било повеќе наменето за машка публика, тој дошол до заклучок дека здравата врска е најважниот фактор што води кон добра финансиска состојба. Овој принцип функционира подеднакво добро и за машкиот и за женскиот пол, дури и 80 години подоцна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар