Носталгија во бајковитото село на Хајди

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Кој не ја знае приказната за малото мило девојче Хајди, чијашто тетка Дета решава да ја однесе на планината кај нејзиниот дедо?

Хаjди многу ја сакаше природата, свежиот воздух и цвеќињата, па ова беше идеално место за неа. Освен тоа стекна и нов пријател – Петре Козарот со кого и често одеше да ги пасат козите на блиските пасишта.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Ако сте воодушевени од романот „Хајди“ од Јохана Шпири, или од неговата верзија адаптирана во цртан филм, може да ја посетите бајковитата куќичка на Хајди која навистина постои и ќе ве врати назад во времето. Романот е преведен на повеќе од 50 јазици и инспирираше милиони деца, па дури и возрасни.

Хајди е сè уште многу позната во Швајцарија и иако нема многу потсетници за неа во самиот град Мајинфелд, градот постави спомен-обележје во нејзина чест во малото селце Обер Рофелс или сега наречено селото на Хајди – полно со кози скитници.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Селото не е гламурозно како Дизниленд, но ефектот е шармантен. Куќата на Хајди е реновиран музеј чија внатрешност е опремена со оригинални парчиња од тој период, кои го отсликуваат руралниот живот од пред 120 години. Можете да ја видите дури и инвалидската количка на Клара.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Куќата на Хајди е типична селска куќа – изградена од дрво, камен и мали прозорци за да ја задржува топлината внатре за време на долгите зимски месеци. Патот покрај куќата води до Алпите, каде Хајди ги поминала најубавите години со својот дедо.

Веднаш до влезот е визбата полна со вино, јаболка, зеленчук и сушено месо што виси од таванот. Млекото се чува овде и сè останато кое треба да престојува на ладно.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

На првиот спрат се Хајди и Петре кои седат на трпезата во дневната соба и се чини дека Хајди се обидува нешто да го научи збунетиот Петре.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Според некои истражувања, девојчето што ја инспирирало Јохана да ја напише оваа приказна се викала Мари и живеела овде. Никој не знае дали ова е точно, но истражувањата укажуваат дека ова е алпското пасиште, каде еден дедо го живеел својот осамен живот.

Носталгија во бајковитото село на Хајди

Селото на Хајди буди носталгија кај посетители од целиот свет. Многу од нив преноќуваат во ова идилично место на Алпите и уживаат во оваа приказна, а си одат дома со различни сувенири на темата Хајди.

Ако решивте да заминете на прошетка во Швајцарија, можеби би сакале да се искачите и на грандиозниот врв Матерхорн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар