Неверојатна приказна: Сакајте ги и почитувајте ги родителите во нивната старост

Неверојатна приказна: Сакајте ги и почитувајте ги родителите во нивната старост

Еден 80-годишен маж седел на каучот во неговиот дом, заедно со неговиот образован 45-годишен син. Одеднаш еден гавран застанал на нивниот прозорец.

„Што е ова?“, прашал таткото.

„Гавран“, одговорил синот.

По некое време таткото го повторил прашањето.

„Татко, само што ти кажав, тоа е гавран“, рекол синот.

По некое време, таткото по трет пат го повторил неговото прашање. Сега веќе се забележувала и фрустрација во гласот на синот кога одговорил:

„Гавран е, гавран.“

По некое време, таткото го повторил прашањето и по четврти пат. Сега веќе синот почнал да вика.

„Зошто одново и одново ми го поставуваш истото прашање, кога толку пати ти кажав дека тоа е гавран? Зарем не можеш да го разбереш тоа?“

Таткото отишол во неговата соба и се вратил со стар дневник што го чувал уште од раѓањето на синот. Го отворил дневникот на една страница и го замолил синот да ја прочита. На страницата пишувало:

„Денес мојот мал 3-годишен син седеше со мене на каучот додека на прозорецот имаше гавран. Синот 23 пати ме праша што е тоа, а јас 23 пати му одговорив дека е гавран. Го прегрнував секој пат кога ми го поставуваше истото прашање. Воопшто не чувствував гнев туку љубов кон моето невино дете.“

Па, ако вашите родители се стари немојте да се однесувате грубо или да ги гледате како товар. Разговарајте со нив, бидете трпеливи, добри и скромни. Помислете на нивните потреби. Кажете си „Сакам да ги видам моите родители среќни. Се грижеле за мене уште откако сум бил мал. Секогаш ме облевале со несебична љубов. Тие направиле сè за да станам личноста којашто сум денес.“

Бидете им благодарни на вашите родители. Без разлика како се однесуваат и колку пати ви го поставуваат истото прашање, секогаш обраќајте им се со добри зборови. Ценете ги додека сè уште се покрај вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар