Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете? - Part 2

Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете?

Невербален психолошки тест кој продира во несвесното: Која личност не би сакале да ја сретнете?

1. Садизам

Потиснување: Вие најверојатно имате потиснати искуства од вашето рано детство кои се поврзани со авторитативноста во однесувањето, потребата за доминација и склоноста кон лошите намери. Ако сте го избрале портретот на оваа личност, вие можеби сте потиснале и некои навредливи или штетни однесувања кои сте ги доживеале од другите.

Негирање: Вие најверојатно сте безопасно и мирно суштество, секогаш подготвено да им помогне на другите. Доколку работите во канцеларија, вашиот надреден често тешко се носи со вас бидејќи кога не сакате да направите нешто, вие едноставно создавате бариери (на пример, доцните на работа или јавно го покажувате вашето лошо расположение). Кога се браните, се одлучувате на пасивен отпор и пркосење, кои долготрајно ги исцрпува оние кои ви предизвикуваат проблеми.

2. Епилепсија

Потиснување: Кога разговараме за нарушувањата на личноста кои се поврзани со болести на мозокот, оштетувања и нефункционалност како што се случува кај епилепсијата, некој од дијагностички значајните симптоми можат да бидат импулсивност, раздразливост, напади на бес и агресија. Доколку овој крупен господин со тркалезна глава предизвикува страв и гадење во вас, тогаш големи се шансите во вашето детство да сте потиснале некои од овие чувства и однесувања.

Негирање: Вие најверојатно сте љубезна и мирна личност. Бидејќи сте кротки и секогаш пријателски настроени, вие во очите на другите наликувате на одговорни личности со голема самоконтрола. Стабилни сте во вашите чувства и лесно се поврзувате со луѓето, идеите и нештата.

3. Кататонија

Потиснување: Дел од значајните симптоми на ова ментално нарушување се претераните стимулации на фантазијата, спознавањето во целост и негативното размислување. Доколку овој неизбричен, но насмеан господин ви предизвикува негативни чувства во вас, тогаш можеби сте потиснале одредена хиперактивност на вашиот ум со која би можеле да изгубите допир со реалноста доколку не се пренесе во вашето несвесно.

Негирање: Вие имате тенденција да усвоите стереотипни однесувања и не сакате иновации и промени. Можеби сте срамежлива личност која смета дека е особено тешко да се прилагоди на нови ситуации. Вашиот најголем страв е да не изгубите самоконтрола. Малку сте тврди, често имате одбранбено однесување и токму вашата ригидна личност никогаш не ви дозволува да се оттргнете од вашиот „кодекс“ на однесување.

4. Шизофренија

Потиснување: Шизофреничката личност се карактеризира со интензивна апатија, искривени мисли и некомпатибилни емоции. Ако се ежите од овој рамнодушен поглед, тогаш најверојатно сте потиснале чувства на рамнодушност кон останатите, како и повлекување од нештата уште во раните фази на вашето детство.

Негирање: Вие најверојатно сте многу социјална личност. Вие верувате во дружењето и комуникацијата со другите, уживате во друштвото и често излегувате. Но, ова однесување може да крие и изолирана личност која живее со чувството дека е секогаш сама. Вашите односи можеби ви се чинат безлични и површни, како да им недостасуваат вистински чувства. Длабоко во себе, вие можеби чувствувате дека не ви се потребни другите како и животот со нив.

5. Хистерија

Потиснување: Некои од особините на хистеричните личности се површни и нестабилни емоции, нарцисоидност и егзибиционизам. Доколку сте ја одбрале оваа необична дама со тешки капаци на своите очи, која ве плаши најмногу од сите, тогаш можеби во вас постои потисната желба да привлекувате внимание како и жед за одобрување.

Негирање: Вас ве гледаат како скромна личност со интензивен внатрешен живот. Но, како и во сите други ситуации, онаа личност која е на прв поглед мирна и срамежлива, може да поседува неодолива и претерана желба да ги шармира останатите. Вие силно се грижите за вашиот изглед и однесување. На пример, секогаш се обидувате да бидете елегантни и добро облечени, надополнувајќи ја вашата облека со додатоци кои го привлекуваат вниманието на другите. Овие луѓе често избираат ретки или екстравагантни занимања и/или хоби.

6. Депресија

Потиснување: Недостаток на самодоверба, чувство на помала вредност и вината се едни од најголемите симптоми на депресијата. Оваа личност која е симбол на аверзија за вас може да значи дека сте силно депресивна личност која ги има овие симптоми под контрола.

Негирање: Вие можеби сте отворена и безгрижна личност. Секогаш покажувате динамичност, самодоверба и оптимизам. Понекогаш, секако, се возбудувате премногу и можете да покажете хиперактивност или пак, меланхолија. Вие исто така можете да бидете и многу сомнителни и мрзливи. Има големи шанси да сте ги замениле вашите депресивни тенденции со преземање улога на сечиј психолог, барајќи решенија за проблемите на луѓето околу вас, дури и кога тоа не се бара од вас.

7. Манија

Потиснување: Некои дијагностички значајни симптоми за манијата се отвореност, прекумерна стимулација, преценување на своите способности и расфрлање со емоции и пари. Ако вам овој лик ви изгледа одвратно, тогаш тоа може да значи дека во вас постои некаков вид возбуда која доколку не е под контрола, ќе ве претвори во фанатик.

Негирање: Вие сте најверојатно личност која не сака да провоцира со своето однесување, па токму затоа презирате бука, екстреми и претерувања. Вие сте пример за дискреција, воздржаност, и мерка. Логични сте и штедливи и секогаш целосно го контролирате вашето однесување.

8. Дисоцијативно растројство на идентитетот

Потиснување: Овие личност се карактеризираат со желбата да живеат и да бидат прифатени како членови на спротивниот пол. Доколку ова момче ви изгледа опасно и изопачено, тогаш можеби во вашето детство сте потиснале одредени прашања за вашиот полов идентитет.

Негирање: Ако одбранбениот механизам ја завршил својата работа, вие можете да имате тенденција недвосмислено да го потврдувате својот биолошки пол. Во тој случај, вашето однесување, манири и изглед нагласуваат дека вие сте „вистински“ маж или жена. Токму затоа, ако сте маж, вие сте премногу „мажествени“, а доколку сте жена секогаш се обидувате да изгледате секси и сакате да флертувате многу, притоа привлекувајќи ги мажите кон вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар