Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

Изгледа како вчера да танцувавме на синглот на Бијонсе „Single Ladies“ додека „Ајронмен“ го даваа во кината. Тешко е да се поверува дека поминаа 10 години од појавата на овие нешта и неверојатно е колку брзо лета времето. Би сакале ли да се потсетите каков ни беше животот пред 5, 10 или 15 години? Прочитајте во продолжение.

Пред 15 години

Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

  • Музичкиот бенд Evanescence беше на врвот на својата кариера. Песните како „Bring Me to Life“ и „My Immortal“ ги држеа првите позиции на топ листите.
  • Бијонсе и нејзиниот иден сопруг Џеј Зи го освоија светот со нивниот хит „Crazy in Love“.

Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

  • Во кината сите се обидуваа да го пронајдат „Немо“ и го гледаа последниот дел од „Господар на прстените“.
  • Но, 6-те Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм, ги добива „Чикаго“ со Рене Зелвегер, Кетрин Зета Џоунс и Ричард Гир.

Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

  • Бритни Спирс станува најмладата пејачка со ѕвезда на „Булеварот на славните“ во Холивуд.
  • Кристина Агилера ги објавува најуспешните синглови од нејзината кариера – „Beautiful“ и „Fighter“. Малку подоцна ќе ги изненади фановите со промена во нејзиниот имиџ.

Нешта што ќе ви докажат колку брзо минува времето

  • Нокиа 3660 со необичната тастатура е навистина популарен помеѓу девојките. Сепак, моделот 2100 станува најпопуларен за таа година.
  • Џ. К. Роулинг ја објавува петтата книга од серијалот со Хари Потер – „Хари Потер и редот на фениксот“.
  • Арнолд Шварценегер станува гувернер на Калифорнија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар