Необични карактеристики што може да бидат знак на висок коефициент на интелигенција

Се смета дека љубителите на мачки се попаметни од останатите, но постојат и други неочекувани и чудни показатели дека имате високо ниво на интелигенција.

Необични карактеристики што може да бидат знак на висок коефициент на интелигенција

1. Чекорите многу брзо

Постои директна поврзаност помеѓу интелигенцијата и брзото одење – брзото движење има позитивни ефекти врз когнитивните способности на луѓето. Луѓето што одат побрзо добиваат околу 16 поени повеќе на тестовите за интелигенција за разлика од тие што одат побавно.

Постои уште една добра вест за оние што одат брзо, а тоа е дека стареат побавно. Ова важи и за надворешните и за внатрешните знаци на стареење. Колку побрзо одите, толку подолго вашиот мозок ќе остане активен.

2. Не сакате топла бања

Сосема е во ред да имате релаксирачка и топла бања, но за мозокот е покорисно краткото туширање со поладна вода. Туширањето со спротивни температури може да ги подобри меморијата, функцијата на мозокот, расположението и да ви даде дополнителна енергија во текот на денот.

3. Имате биполарно растројство

Само околу 2,5 проценти од светската популација има вакво нарушување. И покрај верувањето дека биполарното растројство има негативно влијание врз мозочната активност, луѓето кои страдаат од тоа покажуваат повисоко ниво на интелигенција. На пример, Винсент ван Гог и Ернест Хемингвеј имале биполарно растројство, но тоа никогаш не ги спречило да станат уметници. Децата кои го имаат ова нарушување и се заинтересирани за музика, за уметност или за странски јазици обично покажуваат најдобри резултати во овие области.

4. Сочувствувате со чувствата на другите луѓе

Високото ниво на интелигенција не е единствениот показател за интелигенција. Емоционалната интелигенција е исто така многу важна. Добро развиената емоционална интелигенција им овозможува на луѓето подобро да се справат со стресот и да ги разберат другите луѓе без да мора да разговараат со нив. Сепак, високото ниво на емоционална интелигенција има и негативни ефекти. Поточно, може да ги почувствувате емоциите на другите луѓе речиси физички и склони сте да реагирате многу силно на нечија лутина.

Луѓето кои се подготвени да разговараат со нови луѓе и учат од нивните искуства, на крајот добиваат повеќе корисни информации во текот на животот.

5. Ве вознемируваат звуците што ги прават другите луѓе

Едно неодамнешно истражување покажа дека некои луѓе не можат да ги филтрираат непријатните звуци и имаат многу негативна реакција на нив. Овие непријатни звуци може да бидат предизвикани од некој што гласно дише, игра со пенкало или сл. Овој необичен став кон звуците се нарекува мизофонија и е вистинско психолошко нарушување што укажува на висока емоционална интелигенција и добро развиени креативни способности.

6. Не сакате допишувања

Научниците дошле до заклучок дека употребата на текстуални пораки и мејлови го намалува нивото на интелигенција за најмалку 10 поени. Негативното влијание на допишувањето е посилно дури и од некои лекови. На луѓето кои не можат да живеат без допишување им е тешко да се фокусираат на конкретни задачи затоа што нивните мозоци секогаш се подготвени да одговорат на пораката, наместо да се концентрираат на работата.

Допишувањето има и други негативни последици: писменоста и речникот се намалуваат бидејќи сите современи уреди имаат автоматска корекција на текстот, што значи дека не треба да ги користите меморијата и знаењето за да запомните како правилно да напишете нешто.

7. Не можете да живеете без чоколадо

Чоколадото направено од какао не само што го подобрува расположението, туку ја подобрува и функцијата на кардиоваскуларниот систем. Чоколадото може да влијае и на брзината на обработката на информации, да ја подобри меморијата и да ви помогне да бидете повнимателни.

Јадењето црно чоколадо го забавува стареењето на мозокот, намалувајќи го ризикот од деменција во подоцнежните години. Но, не јадете премногу чоколадо затоа што прекумерната тежина има негативни ефекти врз когнитивните способности. Сепак, кога јадете нормална количина црно чоколадо, може да станете попаметни и поефикасни.

8. Се чувствувате како никој да не ве сака

Тоа што луѓето го мислат за вас е директно поврзано со нивното ниво на интелигенција. На луѓето им е полесно да комуницираат со некој кој има слично ниво на интелигенција како нив. Со други зборови, сакаме да бидеме опкружени со луѓе кои се на исто интелектуално ниво како што сме ние и разликата не би требало да биде поголема од 15 поени.

Просечното ниво на интелигенција е околу 100 поени и 85% од човечката популација е на ова ниво. Обидете се да направите тест за интелигенција. Ако вашите резултати се над 115 поени, тогаш е јасно зошто повеќето луѓе не ве разбираат и зошто ви е тешко да комуницирате со нив.

9. Постојано размислувате за сложени работи

Не размислувате само за смислата на животот, туку и за други какви било глобални и неразбирливи работи, како што е големината на универзумот. Ова значи дека имате високо ниво на интелигенција. Интелигентните луѓе едноставно не можат да го запрат процесот на размислување и навистина сакаат да најдат одговори на најважните прашања.

За разлика од луѓето со просечен коефициент на интелигенција, попаметните луѓе повеќе се грижат за најразлични работи, вклучувајќи ги и својата иднината и иднината на планетата, додека останатите најмногу се грижат за секојдневните проблеми.

Прочитајте како да препознаете личност со натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар