Необична лекција: Наставник од Гана предавал за Microsoft Word на обична училишна табла

Една Фејсбук објава на наставник од Гана стана вирална и ги освои срцата на многу луѓе, благодарение на неговите необични и импровизирани методи со кои го предава предметот информатика без компјутер! Овура Квадво предава информатика во рурална средина каде што не може да се најде основната опрема потребна за неговата работа. Секој наставник има свој стил на предавање, а ова е неговиот!

Необична лекција: Наставник од Гана предавал за Microsoft Word на обична училишна табла

Со оглед на тоа што имал учено визуелни уметности, тој ги искористил своите вештини кога решил да ги научи учениците да создадат документ во Word со тоа што нацртал како сето тоа изгледа на табла, за потоа учениците да можат да го прецртаат и да учат од него.

„Го правам ова затоа што сакам моите ученици да го разберат она што го предавам. Сакам да им дадам барем некаква слика за она што би го виделе кога би биле пред компјутер. Сакам да се погрижам дека разбрале сѐ како што треба пред да излезам од училницата“, изјавил наставникот.

Се чини дека неговиот метод функционира одлично, бидејќи децата уживаат во часовите и успеваат да научат многу работи.

Необична лекција: Наставник од Гана предавал за Microsoft Word на обична училишна табла

Објавата испровоцирала жестока дискусија во Гана. Иако повеќето луѓе го пофалија господин Квадво за неговата посветеност и генијална импровизација, многумина го искажаа својот бес поради тоа што морал да вложи толкав напор. Зошто во 2018 година сѐ уште постојат училишта без компјутер? Наставникот сепак мисли дека нештата полека одат кон подобро.

„Владата помага и ѝ верувам. Тие се обидуваат да ги подобрат условите за информатика и за наставниците и за учениците. Ни требаат добро опремени институции и помагала за предавање и учење, како и влада која се грижи за образованието“, објаснил Квадво.

Иако во големите градови, како што се Акра и Кумаси, сето ова се случува, напредокот оди побавно во руралните места.

Необична лекција: Наставник од Гана предавал за Microsoft Word на обична училишна табла

Со оглед на тоа што објавата станала вирална, господин Квадво добил понуди за донации за лаптопи и проектори, а тоа се одлични вести за децата и училиштето. Наставникот е благодарен за секоја помош што може да им овозможи подобро искуство на учениците и планира им помогне и на други училишта од регионот.

„Има многу училишта што се соочуваат со истиот проблем. Можам да им помогнам и да им дадам некои од донациите, за да можат и тие да имаат придобивки од предметот информатика“, заклучил Квадво.

Необична лекција: Наставник од Гана предавал за Microsoft Word на обична училишна табла

Трудот и посветеноста на господин Квадво можат да послужат како одличен пример за наставниците во земјите во развој како што е Гана. Понекогаш потребно е малку импровизација за да се пополнат дупките што владата не може да ги исполни. Информатика е важен предмет за идните генерации, доколку Гана сака да се натпреварува на глобалниот пазар. Со вакви инспиративни наставници како господин Квадво, слободно можеме да кажеме дека има надеж!

Несомнено е дека постојат одлични наставници ширум светот! За да се уверите во тоа, прочитајте ја оваа генијална порака што наставниците од едно училиште ја испратиле до родителите на нивните ученици.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар