Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

Секој од нас мисли дека доколку користи крема за сончање со тоа се заштитил од штетните ултравиолетови зраци. Лекарите и козметичарите немаат голем број докази дека со користењето на заштитните креми може успешно да се избегне појава на рак на кожата. Исто така, постојат голем број премолчени работи за средствата за сончање во кои веруваме, а кои се невистинити или не можат да се докажат.


(1) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

Вистина е дека кремите за сончање, доколку се користат правилно можат да спречат појава на изгореници, кои навистина се една од главните причини за појава на рак на кожата. Но, тоа не е единствената работа на која треба да внимаваме кога се изложуваме на сонце. Постојат барем 9 помалку познати факти што ги кријат кремите за сончање.

1. Користењето повисок УВ фактор не значи поголема заштита

Повеќето луѓе претпоставуваат дека повисокиот фактор којшто е напишан на кремата значи дека со нејзината употреба кожата е побезбедна на сонце. Многумина мислат дека е доволно да се намачкаат еднаш и потоа цел ден да се излежуваат под сончевите зраци. Уште една негативна страна е што во кремите со исклучително висок заштитен фактор има дополнителни хемикалии коишто се користат за нивно производство. Тие лесно се апсорбираат во кожата, што може да доведе до нарушување на хормоните, алергиски реакции или оштетување на ткивата.

2. Не постои вистински доказ дека тие го спречуваат појавувањето на ракот на кожата

Иако на пазарот постојат огромен број произведувачи на средства за сончање, стапката на ракот на кожата се удвоила последните 35 години во светски рамки. Едноставно не постои таква крема којашто би ја заштитила кожата од меланом, ниту пак вистински доказ дека некоја од постоечките креми е ефикасна во борбата против појавата на рак на кожата.

3. Кремите за сончање можат да го намалат нивото на витамин Д во организмот

Добрата работа е што овие креми превенираат од појава на изгореници по кожата, но лошата е во тоа што тие ги блокираат и одбиваат сончевите зраци да дојдат во контакт со неа. Сончевите зраци го поттикнуваат организмот да произведува витамин Д, којшто е исклучително важен за зајакнување на коските и имунитетот.

4. Некои средства предизвикуваат алергии и влијаат врз работата на хормоните

Многу креми содржат хемиски состојки кои лесно се апсорбираат во кожата, а коишто влијаат на работата на хормоните или предизвикуваат алергиски реакции.

(2) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

5. Кремите не ја заштитуваат кожата од сите оштетувања

Овие средства кои редовно ги нанесуваме на кожата, особено кога сме на плажа, можеби заштитуваат од изгореници, но не и од опасните ултравиолетови зраци коишто ги оштетуваат ќелиите на кожата и ДНК. Ниту една крема не може да гарантира заштита од стареење на кожата и развој на кожни тумори.

6. Кремите за сончање се разликуваат во Европа и во САД

Европските произведувачи на заштитни креми за сончање имаат на располагање дури седум различни состојки коишто ги филтрираат штетните ултравиолетови зраци. За разлика од Европа, во Соединетите Американски Држави (САД) дозволено е да се користат само три од овие седум состојки, што кремите произведени во САД ги прави послаби за заштита од изгореници.

7. Витаминот А како додаток може да го забрза ракот на кожата

Земањето витамин А е здраво, но тоа не е случај и со кремите со заштитен фактор. Производите наменети за нега на усните и разните лосиони кои содржат витамин А (ретинол) всушност можат да го забрзаат развојот на кожните тумори кога се користат на кожа изложена на сонце. Затоа се препорачува да се избегнуваат средства кои содржат ретинол.

8. Заштитните креми никогаш не се 100 проценти водоотпорни

Без оглед што пишува на нивната амбалажа, кремите за сончање ја штитат кожата одреден период. По капење и подолг престој на сонце, при што кожата се поти, премачкувањето мора да се повтори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

  1. XY Reply

    Ajde dosta so dezinformacii. Stavete faktor 20 pa potoa 50 pa ke ja vidite razlikata. Nemale naucnicite dokazi deka kremite stitele od rak. A vie imate deka ne stitat? Probajte Nivea – ima istrazuvanja i na etiketata stoi. Bilo sto samo da se napise.

Остави коментар