Неколку мајки ги признаваат сите оние нешта за кои никој не ги предупредил за бременоста

Неколку мајки ги признаваат сите оние нешта за кои никој не ги предупредил за бременоста

Не постои недостаток на книги и списанија за бремени жени кои им помагаат да се подготват за нештата кои ги очекуваат во текот на самата бременост, па и потоа, откако бебето ќе се роди. Но, едноставно не постои никаква шанса тие да ве подготват за ова чудо, особено затоа што поголемиот дел од времето не изгледа толку прекрасно колку што би помислиле. За среќа, тука е интернетот. На Редит било поставено прашање за сите оние нешта за кои мајките не биле предупредени за време на бременоста, а нивните одговори ќе ве изненадат. Погледнете…

Неколку мајки ги признаваат сите оние нешта кои никој не ги предупредил за бременоста

1. Навистина не знаев дека нешто вакво би можело да се случи

„Во првите неколку недели од лактацијата, самиот плач на бебето можеше да ги поттикне моите гради да испуштаат млеко. Но, тоа не се случуваше само со моето бебе, туку со секое. Имав прилично непријатни моменти во јавност.“

2. Докторите виделе сè

„Кога ќе ви пукне воденикот, настанува одвратно чувство. Барем кај мене тоа се случи. Тој не пукна како голем млаз, туку имав чувство како да мокрам. Токму затоа и отидов до тоалет, но кога забележав дека течењето не прекинува сфатив всушност што се случило. Во текот на целиот пат до болницата, јас полека течев. Тоа беше одвратно. Дури и потоа додека го чекав докторот и додека се пресоблекував, тоа едноставно не престануваше. Бидејќи не сакав докторот да се лизне на мокриот под, почнав да го чистам, но кога дојде не му се допадна моето однесување, па ми кажа да се одморам бидејќи има други луѓе кои се задолжени за тоа. Изгледа жените кои носат близнаци не треба да прават нешто такво.“

3. Ова не звучи забавно

„Понекогаш бебето ЌЕ го удри вашиот мочен меур и вие ќе се подмочате, без никакво предупредување. Исто така, во последното тромесечје, бебето понекогаш ќе се врти наоколу и ќе ви ја нарушува рамнотежата. Поради тоа, последниот месец од мојата бременост немав никаков баланс и постојано се подмочував во гаќи… Одлично!“

4. За ова не можете да се подготвите

„Јас сум моментално бремена, во 19-тата недела и вчера посетив 7 продавници за градници, па дури и бутик наменет само за бремени жени, но сепак не успеав да најдам градник кој одговараше на мојата големина. Веќе не можам да најдам градници за бремени жени, а едвај сум до половина со бременоста. Зошто? Но, да бидам фер, бев надарена и пред бременоста, а по градба сум многу малечка.“

5. Ова ќе го шокира секој родител

„Откако ќе се навикнете вашето бебе да ве буди на 1 до 3 часа, еден ден ќе се разбудите после 6 или 8-часовен сон и ќе полудите. Мојата сестра помислила дека нејзиното бебе починало или му се случило нешто страшно затоа што го оставила да дремне во 10 часот наутро, а се разбудила во 4 попладне. Таа сакала да го искористи тој момент за да одмори, очекувајќи да се разбуди околу 12 часот заедно со бебето. Но, кога се разбудила во 4 попладне, во паника истрчала кон бебето и… Па, тоа си спиело и било сосема во ред. Очигледно е сосема нормално бебињата еден ден да одлучат дека им е смачено да спијат по само неколку часа. Тоа не е постепена промена.“

6. Моќта на хормоните

„Не беше сè толку лошо. Оргазмите ми беа подобри додека бев бремена. Некаде околу второто тримесечје, откако утринското лошење ќе избледи, сексот станува поинтензивен и јас постојано бев расположена за односи. Но, лошата страна беше што постојано бев уморна. Ми се случуваше да се протнам под мојата работна маса за да дремнам, бидејќи едноставно не можев да ги држам очите отворени. Обично спиев по 20-тина минути, но еднаш ми се случи да преспијам 1 час и 30 минути.“

Но, очигледно ова не им се случува на сите.

„Ти си имала среќа. Јас бев добра до 6-от месец, но потоа сексуалната желба целосно ми се исклучи. Дури ни самата не можев да се доведам до оргазам.“

7. Би помислиле дека луѓето разговараат за нешто вакво

„Никој не ми кажа дека препонската коска боли. Моето момче често ме наоѓаше склопчена во топка затоа што интензивно ме болеше препонската коска. Но, среќа се навикнувате на оваа болка и таа кратко трае.“

Имате ли и вие некои вакви искуства кои би сакале да ги споделите со младите мајки?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар