Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате

Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате

Знаете ли како се нарекува оној кој никогаш не греши? Досадна личност. Сигурно мислевте дека тие се всушност совршени, но овде станува збор за вистинските луѓе кои постојат. Сите сме чуле за мотивационите клишеа како Томас Едисон направил милиони обиди пред да ја направи сијалицата (иако на Тесла му требале само два дена) и како Опра најпрвин била отпуштена од работа бидејќи „не изгледала добро на телевизија“, но приказните за (не)успесите на славните сѐ уште изгледаат безначајно кога ќе се земе предвид фактот дека го знаеме нивниот крај.

Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате

Кога си го враќате егото во првобитната состојба откако ќе доживеете огромен неуспех, тешко е да ја видите поголема слика во сопствената приказна. Чудно е што нам, луѓето, сѐ уште ни е тешко да признаеме дека сме направиле грешка, дека сме згрешиле од некоја причина, иако тоа постојано го правиме. Но, тоа не значи дека сме неспособни.

На пример, една личност може да биде рок ѕвезда на работното место и да биде најдобриот работник, но да прави стотици грешки работејќи на секој нов проект, или да ја гори вечерата два пати неделно, или да го заборава кучето во паркот. Често, малите, па дури и големите грешки не значат неуспех.

Всушност, грешките имаат своја корист бидејќи тие се мини лекции како да станеме подобра личност. Кога не ги сакате чувствата кои ве обземаат кога ќе погрешите, знаете дека во иднина тоа нема да го повторите. Во оној момент кога ќе прифатите дека грешките се истовремено и неизбежни и корисни, животните предизвици ќе изгледаат помалку страшни.

Секогаш имајте на ум дека единствените личности кои не прават грешки се оние кои се плашат да направат нешто ново. А, да немате никаква авантура во својот живот е онаа грешка која не треба да ја толерирате. Излезете од вашата „удобна зона“, ризикувајте, правете ги работите кои другите не ни помислуваат да ги направат за да можете да го живеете животот кои другите не можат да го живеат.

Секоја грешка што ќе ја направите по патот е само една смешна анегдота која ќе ја раскажувате на своите најблиски кога ќе се потсетите на патот кој сте го оделе за да стигнете до својот личен успех и напредок. Нема каења, само лекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар