Науката открива: Како нашето тело знае дека сме го запознале „вистинскиот“?

Науката открива: Како нашето тело знае дека сме го запознале „вистинскиот“?

Сигурно се сеќавате на вашата прва љубов. Што е она што најпрво ве привлече кај него? Неговите бистри очи, смислата за хумор, или, пак, неговиот рокерски стил на облекување? Веројатноста е дека не се работело за ниту една од овие работи. Според едно неодамнешно истражување објавено во списанието „Nature“, сѐ зависи од нашиот генетски код.

Науката открива: Како нашето тело знае дека сме го запознале „вистинскиот“?

Секој човек има свој посебен човечки леукоцитен антиген (НLA) систем што му помага на имуниот систем да прави разлика меѓу клетките на организмот и несаканите вируси и бактерии. Но, овој систем има големо влијание и на физичката привлечност што ја чувствуваме кон другите луѓе. Истражувачите ги испитувале системите на 254 парови и дознале дека доколку партнерите имаат сосема различни HLA системи, тогаш сексуалната привлечност и желбата за размножување се многу поголеми. Тоа значи дека гените одредуваат колку многу сакате да бидете интимни со вашиот партнер. Изгледа дека сепак спротивностите се привлекуваат.

Освен тоа, доколку мислите дека вашиот партнер има многу пријатен мирис, за тоа повторно е заслужна генетиката. Истражувачите откриле дека паровите имаат попозитивно мислење за мирисот на нивниот партнер, доколку нивните HLA системи се различни.

Ова откритие е од големо значење за еволуцијата, барем во случајот на животните. Истражувачите дознале дека доколку две животни со сосема различни хистокомпатибилни комплекси (животинската верзија на HLA) се размножат, нивното бебе ќе биде родено со екстремно силен имун систем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар