Научно докажано: Луѓето кои редовно дремнуваат имаат подобро расположение

Генералното мислење е дека честите дремки ве прават помрзливи, но вистината е дека тие ве прават посреќни! Сите знаеме дека кога спиеме, телото се обидува да ги обнови функциите што е можно повеќе. Квалитетниот одмор ги намалува шансите за срцеви заболувања и ја зголемува продуктивноста. Дремките ги бие лош глас и затоа некои луѓе ги одбегнуваат, но и тие имаат некои свои значајни здравствени придобивки.

Научно докажано: Луѓето кои редовно дремнуваат имаат подобро расположение

Повеќето попрво ќе одберат да се напијат шолја кафе за да добијат енергија наместо да дремнат, но се чини дека луѓето кои одбираат брза дремка се оние кои добиваат поголеми придобивки. Според професорот Ричард Вајзман од Универзитетот во Хертфордшир, дремките пократки од 30 минути ја зголемуваат концентрацијата, продуктивноста и креативноста, а најновите истражувања покажале дека луѓето можат да станат посреќни благодарение на брзите дремки. Меѓутоа, долгите дремки се ризични по здравјето.

Сигурно сте забележале и самите дека се чувствувате ужасно кога ќе се разбудите по двочасовно дремење. Тешко ви е, гладни сте и изгледате како зомби. Но, кој би рекол дека долгите дремки навистина се штетни по здравјето?!

Во истражувањето учествувале 1.000 испитаници кои пополниле онлајн прашалник во врска со нивните навики за дремење. Потоа, врз основа на нивните одговори, тие добиле резултат кој им покажал колку се среќни. Луѓето кои дремнувале кратко во текот на денот добиле 3,67 од 5 поени на скалата на среќа. Оние кои не дремнувале добиле 3,52 а луѓето кои подолго дремнувале добиле 3,44 поени.

Освен тоа, 66% од луѓето кои дремнувале кратко изјавиле дека се среќни, додека, пак, само 56% од оние кои дремнувале долго го кажале истото. Од сето ова може да се заклучи дека постои значајна врска меѓу здравјето и кратките дремки.

Па, ако барате начин да си го подобрите расположението, легнете си и дремнете. Само внимавајте дремката да не ви трае предолго!

Доколку сакате одвреме-навреме да си дремнувате, сигурно ќе ве интересира зошто попладневната дремка го елиминира стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар