Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис

Ако жонглирањето го зачините со квалитетна доза хумор, го добивате Мајкл Дејвис – најзабавниот жонглер досега. Со својата досетливост и неспорните вештини, тој ја забавува публиката повеќе од 25 години. Познато е дека меѓу фановите на Дејвис се и американските претседатели. Неколку пати гостувал во Белата куќа, на покана на Џорџ Буш, Бил Клинтон и на Роналд Реган. За своите настапи вели:

„Не ми треба голем аплауз за секој мал трик што го правам. Јас не сум извршна власт.“

Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЕдна од неговите најпознати точки е кога истовремено жонглира со топка за куглање, јајце и јаболко, кое успева дури и да го вкуси додека го изведува перформансот. Задолжително погледнете ја, ќе ве насмее до солзи. 🙂

Жонглира и со неговата уста, а многу често придружен елемент на сцената му е гитарата. Најголемо влијание врз хуморот на Дејвис имаат Џек Бени, Фред Ален и Чарли Чаплин. Неговите шеги се прилагодени за сечиј вкус, можат да насмеат како 7-годишно дете, така и 77-годишен дедо.

„Ми се допаѓа кога деца, баби и дедовци се смеат на истата шега. Тоа е вид хумор кој не познава години“, вели Дејвис.

Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл ДејвисЗа жал, на интернет има само малку видеа со перформансите на овој фантастичен американски жонглер и комичар. Погледнете уште две од неговите најчесто изведувани точки и уживајте во неговиот безвременски хумор.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар