Направете верверичка од обична ракавица

Автор: Зорица Тодорова

Ракавиците (слично како и чорапите), иако создадени да бидат дел од пар, честопати знаат да завршат сами и неупотребливи. Кога веќе сте загубиле некоја ракавица, размислете повторно пред да ја фрлите другата: од неа може да направите прекрасна играчка која би била совршен новогодишен подарок за некој од вашите најмили најмали. 🙂

1-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • 1 кафеава ракавица
  • Памук за полнење
  • 2 чистачи за цевки (едниот исечете го на половина)
  • Конец за везење или волница (кафеав, темно-кафеав, бел, портокалов, црн)
  • 1 дрвено монистро
  • Фломастер или маркер
  • Ножици
  • Игла
Постапка:

Превртете ја ракавицата од обратната страна, со фломастерот одбележете ги линиите за сечење како на сликата. Секој дел посебно фатете го со игличка, зашијте го по рабовите на одбележаната линија околу 3 мм со кафеав конец.

2-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

Сега секој од зашиените делови завртете го повторно од другата страна. Трите цевки свијте ги на половина во U облик, притоа двете пократки ставете ги во нозете, а подолгата во опашката. Потоа нозете и опашката наполнете ги со памук, исто така и телото, главата и рацете. Не ги полнете ушите.

Со подебел конец зашијте ги телото, рацете и опашката оставајќи 5 мм простор од отворот за главата. Рабовите на отворот навлечете ги навнатре и сега зашијте го (со тоа го затворате).

3-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

Задниот дел на главата свиткајте го во следниот редослед: лево, десно, долу, горе и зашијте го да се затвори.

Отворените делови на ушите стиснете ги заедно и ставете ги на задниот дел на главата. Зашијте ги.

4-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

На опашката, со двоен убод направете линија од белиот конец. На истиот начин употребете ги и портокаловиот и темно кафеавиот конец, со растојание помеѓу линиите помалку од 1 см.

Зашијте ги главата, рацете и опашката на телото. Употребете црн конец за очите, а дрвеното монистро ќе ви биде нос. За крај, свиткајте ги нозете за да направите стапала. Свиткајте ја и опашката.

5-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

Вашата верверичка е готова!

6-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

A eве какви други животинки може да направите на истиот начин од чорапи и ракавици.

7-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 8-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 9-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 10-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 11-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 12-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар