Направете сами: Снешковци од чорапи и ориз

Снешковците од чорапи ќе бидат одличен украс во вашиот дом, но и прекрасна играчка за најмалите. Нив можете да ги направите брзо и евтино, а со сигурност ќе ви пружат огромна радост. Можете да ги користите како украс врз вашите полици или пак под новогодишната елка – секако ќе изгледаат прекрасно!

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

Еве што ви е потребно за нивна подготовка:
  • Бели чорапи, стари или нови
  • Конец
  • Лепило
  • Копчиња
  • Ориз
Начин на подготовка

1. Најдобро е да изберете чорапи во бела боја, затоа што снешкото е бел, но можете да испробувате и со други бои. Најпрво треба да го исечете чорапот малку под петата.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

2. Потоа превртете го наопаку и пресечениот крај подврзете го со конец.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

3. Превртете го чорапот пак на лице и наполнете го со ориз, просо или амарант, речиси до врвот.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

4. Врвот повторно врзете го со конец и добро прицврстете. Одвојте го со прстите делот за главата на снешкото и под неа уште еднаш цврсто заврзете со конец.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

5. Залепете ги копчињата на неговото тело, а остатокот од чорапот искористете го за да направите капа за снешкото.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

6. На местото на очите и носот можете да ставите шпенадли, но ако имате мало дете, можеби подобро би било подобро да ги нацртате со фломастер.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

7. Земете уште малку ткаенина во друга боја и врзете ја како шал на снешкото.

Направете сами снешковци од чорапи и ориз

Погледнете го видеото за подетално да ги видите сите чекори.

Бидете креативни и забавувајте се, па ако сте инспирирани направете и други празнични декорации за во вашиот дом!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар