Направете сами: Симпатични, весели и шарени шноли со цветови!

Дали сакате весели и симпатични детали? Доколку вашиот одговор е потврден, тогаш ќе уживате во веста дека нив не мора секогаш да ги купувате, туку можете да ги направите и самите. Во продолжение дознајте како можете да направите преслатки, цветни шноли за коса. Тие прекрасно ќе ја украсат вашата коса и ќе ја разубават секоја ваша фризура.

1-napravete-sami-simpatichni-veseli-i-shareni-shnoli-so-cvetovi-www.kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • Филц материјал во разни бои (можете да го пронајдете во текстилните продавници)
  • Шноли
  • Ножици
  • Супер лепак
  • Конец и игла

2-napravete-sami-simpatichni-veseli-i-shareni-shnoli-so-cvetovi-www.kafepauza.mk

Изработка:

1. Најпрво, исечете најразлични облици од материјалот. Тоа може да бидат кругови, квадратчиња и листови. Најважно е еден дел да биде овален, бидејќи на него ќе ги лепите деловите.

3-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

2. Провлечете го конецот со помош на иглата низ четирите дела кои сте ги одредиле да бидат ливчиња на цветот, исто како на фотографијата.

4-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

3. Потоа, затегнете го конецот за да се оформи цветот.

5-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

4. Соберете ги сите парчиња, односно, деловите на цветот и залепете ги на овалното парче, кое претходно го исековте. Најдобро би било да ги лепите по логичен редослед, односно, листовите, па ливчињата и на крајот средината на цветот.

6-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

5. Потоа, нанесете лепак на шнолата и залепете го цветот. Како што забележувате, поедноставно од ова не може да биде.

7-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

Шнолите изгледаат доста весело и по малку во хавајски стил.

8-doznajte-kako-se-povrzani-hranata-i-seksot-kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар