Направете сами: Полици од стари рамки за слики

Можете да направите необични полици едноставно, лесно и евтино! Со нив можете да го украсите ѕидот, да ги сочувате спомените или пак некому да ги подарите.

Авторката на блогот Shanty chic, којашто ги направила овие полици, објаснува дека постапката за нивната изработка е едноставна и интересна.

Што е потребно за да ги направите овие полици?

Покрај материјалот којшто сигурно го имате дома, неопходна е и мала фантазија и малку време.

  • Стари, користени рамки
  • 4 даски
  • Лепак за дрво
  • Боја по ваша желба
Постапката за нивната изработка е следнава:

1. Спојте ги даските со лепак и почекајте да се исуши. На нив ставете рамка и залепете ја.

2. Рамката би требало да биде малку поголема од полицата којашто ја направивте од даските.

3. Повторете ја постапката со останатите даски и рамки и бојадисајте ги во боја по ваша желба.

4. Закачете ги на ѕидот и уживајте во нив!



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар